fbpx

Спасовски и турскиот амбасадор разговараа за политичката криза во Македонија

-

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со турскиот амбасадор во земјава, Омур Солендил.

Како што соопшти МВР, на средбата било разговарано за продлабочувањето на политичката криза во Македонија со незаконската одлука на Владата за одземање на надлежностите на министрите Спасовски и Ременски и со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за општо помилување на сите политичари, која предизвика огромно незадоволство меѓу граѓаните.

Амбасадорот Солендил го информирал министерот Спасовски за потребата од продлабочување на соработката и засилување на безбедносните активности околу спречување на евентуални загрозувања на безбедносен план што е од интерес на двете пријателски земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...