fbpx

Спасовски од Битола: Жалам за инцидентите, не сакам да им давам политичка конотација

-

„Жалам за инцидентот што се случи вчера во Битола, во кој жртва е поранешен пратеник на СДСМ. Меѓутоа, на масата биле и поранешен градоначалник и поранешен началник на УБК. Не сакам да шпекулирам, не сакам да ставам ништо во политичка конотација, затоа што тој што влече потези исклучиво во интерес на политиката, влече потези против Република Македонија“, рече денеска во Битола, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Оставам МВР да го истражи овој случај и напоменувам дека не смее никому да му се случи ова без оглед дали е обичен граѓанин или функционер. Секој треба да се чувствува безбедно и сигурно во овој град и во оваа земја – изјави Спасовски.

На новинарско прашање дали има повеќе информации за вчерашниот инцидент во скопски Капиштец, тој рече дека Основното јавно обвинителство извршило увид, истрагата трае и сите детали ќе бидат споделени со јавноста.

Спасовски истакна дека безбедносната состојба е стабилна и дека треба да се одржува таква, а за тоа, според него, шанса беше Договорот од Пржино.

– Државниот интерес треба да е пред политичкиот и сите треба да сме длабоко свесни за одржување на безбедноста на земјата – изјави Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...