fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Спасовски: Секој што е професионалец во МВР ќе биде ценет

Не им престануваат сите надлежности на раководителите во МВР, тука тоа е одлука за пренесување на надлежностите, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска по церемонијата за одбележување на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. - Тоа е нормална постапка, да видиме во каква позиција влегуваме. Денеска дел од надлежностите ќе бидат вратени на структурите во МВР, така што...

Спасовски со нова телеграма ја дообјаснува претходната

Со нова телеграма, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги информирал вработените во МВР на што се однесува неговиот вчерашен допис со кој престанаа да важат овластувањата од поранешните министри за раководните лица во Министерството. „Во врска со телеграмата бр.131-60 од 12 ноември 2015 година, со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни...

СДСМ: Одлуката на Спасовски е за да се спречат злоупотребите во МВР

Одлуката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите што раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер, е за да се спречат сите злоупотреби, велат од СДСМ. „Граѓаните слушнаа од проектот „Вистината за Македонија“ какви сè злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување, па...

Спасовски ја презеде полициската фотелја од Чавков

Денеска во Министерството за внатрешни работи било извршено примопредавањето на должноста министер за внатрешни работи, соопштија попладнево од МВР. „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го презеде кабинетот од претходниот министер, Митко Чавков“, стои во соопштението. Спасовски денеска со мнозинство гласови во Собранието беше избран за министер за внатрешни работи.

Партиите постигнаа договор, Оливер Спасовски нов министер за внатрешни

Лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, по повеќечасовни преговори постигнале договор за законот за влада и за законот за „бомбите“. Нов министер за внатрешни работи, според договореното, ќе биде генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, а со ресорот труд и социјална политика ќе раководи Фросина Ременски, потпретседателка...

Спасовски: Не сакаме да владееме заедно со ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ го крши Договорот од Пржино. Помошниците специјални обвинители сè уште не се избрани, а специјалната обвинителка не може да почне со работа“, обвини на денешната прес-конференција генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој рече дека очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да се соочи со одговорност. - Нема договор за законот за влада со кој се предвидени надлежностите на министрите и...

СДСМ: Протестот ќе се одржи в недела, во 14 часот

На 17 мај, во 14 часот, ќе се одржи голем натпартиски граѓански протест против насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски, соопштија денеска од СДСМ. - Ги повикуваме граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Бошњаци, Власи, ги повикуваме сите што ѝ мислат добро на Македонија да се приклучат на големиот протест. Заедно, обединети, здружени, да испратиме порака до Никола Груевски, човекот...

Заев и Спасовски на средба со израелскиот амбасадор Дан Ориан

Зоран Заев и Оливер Спасовски денеска во седиштето на партијата се сретнале со амбасадорот на Израел, Дан Ориан. На средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјава и за економските проблеми на граѓаните и на државата. Заев кажал дека неможноста на граѓаните да ја искажат својата слободна волја на изборите е посочена во извештаите на ОБСЕ и на ОДИХР и дека...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...