fbpx

СДСМ: Одлуката на Спасовски е за да се спречат злоупотребите во МВР

-

Одлуката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите што раководеле со МВР од денот на изборот на новиот министер, е за да се спречат сите злоупотреби, велат од СДСМ.

„Граѓаните слушнаа од проектот „Вистината за Македонија“ какви сè злоупотреби се правеле токму под Министерството за внатрешни работи, почнувајќи од незаконското прислушување, па сè до функционирањето на целото министерство како штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите. Нема никаков хаос во Министерството за внатрешни работи туку воведување законски ред и обезбедување целосно почитување на законите, транспаретното и одговорно работење на МВР во интерес на граѓаните“, се вели во реакцијата на партијата.

Од СДСМ велат дека нема да има повеќе злоупотреби на државните институции, а Министерството за внатрешни работи, како државна инситуција, ќе им служи на сите граѓани во Македонија, а не само на една партија како досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...