fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски покажа дека не е министер, туку дел од фабриката за афери

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе кривична пријава против одговорните во германската компанија што ги произвела и испорачала обрасците за возачките дозволи, стои во реакцијата на партијата на денешната прес-конференција на министерот Оливер Спасовски, на која тој соопшти дека во магацинот на МВР се откриени 70.000 дупликати од формулари за возачки дозволи. „ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува...

Спасовски: Откривме 70.000 дупликати на возачки дозволи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обелодени нови докази за злоупотреби на лични документи, овојпат 70.000 дупликати на возачки дозволи откриени во магацинот на МВР. Дупликатите, според Спасовски, се откриени во рамките на истрагата за незаконското издавање лични карти. Според истрагата, во овој случај е вмешан и висок раководител во МВР. - Веднаш по откривањето на скандалот со незаконски...

Со чистка на актерите од „бомбите“, СДСМ го спрема теренот за избори

Преку активностите на своите министри во најважните владини ресори и институции, сè поочигледно е дека СДСМ го подготвува теренот за престојните предвремени парламентарни избори, за кои лидерот на партијата, Зоран Заев, во секоја пригода истакнува дека мора да бидат кристално чисти. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во декември ги разреши началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Куманово,...

Спасовски: Граничната полиција ја чека макотрпна работа и во наредниот период

Одделот за гранични работи при МВР, во текот на годината што е зад нас имаше прилично обемни активности, пред сè, причинети од огромниот наплив на мигранти од земјите на Блискиот и на Среден Исток и од Северна Африка, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната средба со полициските службеници на граничниот премин Деве Баир. Министерот Спасовски нагласи дека ваквиот...

Чавков: Спасовски незаконски ги смени петте началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поднел тужба до Управниот суд поради одлуката на министерот Оливер Спасовски за смена на началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Битола, Охрид и во Куманово. Ова, како што пренесува порталот „Курир“, денеска во изјава за медиумите го соопштил заменик-министерот Чавков. Изјавата на Чавков претходно не беше официјално најавена, ниту, пак, имаше...

Спасовски: Без нов, кристално чист, доверлив избирачки список, не се можни фер избори

„Роковите за прочистување на избирачкиот список се одамна поминати. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на кој се издавале лични документи од страна на МВР, со кои се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги...

Спасовски: Јанкулоска незаконски издавала лични карти

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обвини дека МВР на чело со поранешната министерка, Гордана Јанкулоска, незаконски издавало лични карти на лица на кои им било овозможено да гласаат на избори. Ова тврдење Спасовски, како што рече, го темели на истрагата што ја спровел изминатиов период, а во која предмет биле личните карти што им биле...

Бесими во посета на МВР

Во рамки на иницијативата „Институционални посети“, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска ќе оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Посетата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се реализира за да се разгледа имплементацијата на активностите поврзани со итните реформски приоритети во областите од надлежност на МВР. Циклусот институционални посети на вицепремиерот Бесими ќе продолжи...

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски се посрами на денешната прес-конференција

Генералниот секретар на СДСМ, технички назначен за министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се посрами и бегаше од одговори во стилот на неговиот лидер, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Спасовски. Партијата вели дека Спасовски не одговорил дали тој е на фотографиите со криминалците, за што разговарале, дали вечерта при приведувањето контактирал со осомничените и зошто...

Спасовски: Хајката нема да нè спречи да спроведеме професионална истрага

Времето на хајки заврши и време е за законски и за професионални истраги, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција посветена на аферата со фалсификуваните лични карти. Тој е убеден дека истрагата ќе покаже за што биле употребени тие. Според него, истрагата била комплексна, повеќеслојна и чувствителна и сè уште трае поради што, како...

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

Спасовски: Од еден милион бегалци во Европа, 620.000 минале низ Македонија

Хуманиот пристап кон луѓето што бегаат од војни мора да биде наш императив, но, истовремено, не може да постои компромис кога е во прашање безбедноста на граѓаните и на земјата, истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на отворањето на меѓународната конференција на тема „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“ што во организација на Институтот...

Спасовски: Кулминира притисокот врз новинарите

„Нема прогрес таму каде што имате уценети, тепани или затворани новинари. Институционалната репресија е инструмент на тоталитаризмот, на диктатурата, какво и да е пакувањето во кое таа се нуди“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на конференцијата на тема „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“, организирана од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). - Сведоци сме, особено последниве...

Спасовски: Бегалците и мигрантите не треба да се третираат различно

Бегалците кои бегаат од конфликтните подрачја и мигрантите кои, заедно со нив, бегаат од сиромаштијата, дискриминацијата и од очајот не треба да се третираат како различни и да се делат на такви што заслужуваат и на такви што не заслужуваат меѓународна заштита, рекол министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната седница на Парламентарното собрание на Парламентарната димензија на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ). „Кризата што ни се...

Спасовски: Протоѓер, Тарчуловски, Бајрам незаконски користеле обезбедување на МВР

Кирил Божиновски, Емил Димитриев, Михајло Маневски, Мартин Протоѓер, Јохан Трчуловски, Амди Бајрам, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков се луѓето што имале обезбедување врз основа на усна наредба, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Според Спасовски, ова било правено врз основа на усни наредби на началникот на шестата управа и надвор од сите законски овластувања, со што е нанесена голема...

Спасовски: Нема опасност од терористички напади

Безбедносната состојба во Македонија во моментов е стабилна и нема опасност од терористички напади, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната посета на Секторот за внатрешни работи Скопје, додавајќи дека е подигнато нивото на безбедност во земјава за да се превенираат можни несакани инциденти. - Превентивно го подигнавме нивото на безбедност во Република Македонија за да превенираме можен терористички напад. Постојано имаме...

Николовски до Спасовски: Или биди министер или биди генерален секретар

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го праша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е истовремено и генерален секретар на СДСМ, дали ќе си поднесе оставка на една од двете функции. - Според член 36, став 2 од статутот на СДСМ, функцијата генерален секретар и функција во извршната власт се неспоиви. Кога...

Спасовски ги пофали полицајците, Чавков ги искара грчките колеги

Оддавам признание на македонските полицајци кои денеска добро се справија со целата оваа ситуација и покрај повредените колеги, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасвоски, кој синоќа заедно со заменикот-министер, Митко Чавков, ги посети полицајците што беа повредени при судирот со група мигранти на границата со Грција. Заменик-министерот Чавков рече дека поради специфичноста на состојбата, полицијата не можела соодветно да реагира...

Спасовски – Остојиќ: Потребeн е заеднички систем за регистрација на бегалците

Мигрантската криза и справувањето со новонастанатата ситуација била главна тема на разговор на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со неговиот колега, министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остојиќ, кој е во посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Хрватскиот министер, покрај за новонастанатата ситуација со селекцијата и со пропуштањето само на мигранти што потекнуваат...

Спасовски се сретна со Бејли

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. „Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и на професионалноста во работата на вработените во Министерството. На средбата, исто така, тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза,...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...