fbpx

Спасовски – Остојиќ: Потребeн е заеднички систем за регистрација на бегалците

-

Мигрантската криза и справувањето со новонастанатата ситуација била главна тема на разговор на денешната средба на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со неговиот колега, министерот за внатрешни работи на Хрватска, Ранко Остојиќ, кој е во посета на земјава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Хрватскиот министер, покрај за новонастанатата ситуација со селекцијата и со пропуштањето само на мигранти што потекнуваат од кризните жаришта и затворањето на границите за економските мигранти, изразил загриженост и за состојбата со нивната регистрацијата, односно „со дуплирањето на работите во однос на регистрацијата на мигрантите од сите држави на балканската рута“.

Тој на средбата пред македонскиот колега, го претставил начинот на кој Хрватска го спроведува приемот и регистрацијата на бегалците во т.н. централизиран пункт во Славонски Брод и ја изразил подготвеноста на Хрватска да ѝ помогне на Македонија околу овие мерки.

„Министерот Остојиќ истакна дека Република Хрватска е подготвена да организира и конференција во однос на регистрацијата и профилирањето на мигрантите, наменета за сите земји засегнати од кризата“, стои во соопштението на МВР.

Министерот Спасовски ја поддржал идејата за заедничко решение во врска со регистрацијата на мигрантите и ја истакнал „огромната потреба за меѓусебна координација и за помош и изразил надеж за продолжување за традиционално добрите односи помеѓу двете министерства“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...