fbpx

Спасовски: Граничната полиција ја чека макотрпна работа и во наредниот период

-

Одделот за гранични работи при МВР, во текот на годината што е зад нас имаше прилично обемни активности, пред сè, причинети од огромниот наплив на мигранти од земјите на Блискиот и на Среден Исток и од Северна Африка, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по денешната средба со полициските службеници на граничниот премин Деве Баир.

Министерот Спасовски нагласи дека ваквиот зголемен обем на работа бара засилен ангажман на граничната полиција, континуирани мерки и активности не само во поглед на следење на состојбите, туку и за превенирање и за спречување на сите облици на прекуграничен и друг вид криминал.

– Трендовите и согледувањата покажуваат дека и во наредниот период, граничната полиција ја чекаат сериозни предизвици, одговорна и макотрпна работа. Убеден сум дека полициските службеници од одделот за гранични работи соодветно и ефикасно ќе се справат со сите идни предизвици и дека државната граница е во сигурни раце – истакна Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...