fbpx

Спасовски: Без нов, кристално чист, доверлив избирачки список, не се можни фер избори

-

„Роковите за прочистување на избирачкиот список се одамна поминати. По сите злоупотреби што ги најдовме и тоа само што чепнавме на површината околу начинот на кој се издавале лични документи од страна на МВР, со кои се гласа, повеќе од јасно е дека постојниот избирачки список е крајно спорен, со сериозни индикации за криминални податоци во него, што ги компромитираат изборите“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интервју за „Утрински весник“.

– МВР за ова ги презема и ќе ги преземе сите потребни чекори според законските надлежности и овластувања. Како што знаете, избирачкиот список сега е во целосна надлежност на Државната изборна комисија, која треба да ја утврди методологијата на прочистување. Но, роковите за ова се одамна пробиени. Без нов, кристално чист, доверлив избирачки список, не се можни фер избори – вели Спасовски.

За ситуацијата на границата тој вели дека е под контрола и стабилна. Безбедносните сили, според него, постапуваат на ниво на професионалноста.

– Има наплив на мигранти, најголем дел од луѓето не се тука затоа што така сакаат, туку затоа што морале да се оддалечат од родните земји. Меѓу нив има деца, има измалтретирани луѓе од долгиот пат. Македонија е обврзана со меѓународните конвенции да ги штити човековите права, како што има одговорност пред своите граѓани да ја обезбеди нивната стабилност. Затоа државата мора да ги насочи своите капацитети да обезбеди сигурност за граѓаните на Македонија, како и хуман третман на бегалците. МВР дејствува во таа насока. Имаме редовна комуникација и координација со земјите од регионот и во постојан контакт и координација сме и со државите од Европската унија, бидејќи проблемот е заеднички – вели Спасовски во интервјуто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...