fbpx

Спасовски: Протоѓер, Тарчуловски, Бајрам незаконски користеле обезбедување на МВР

-

Кирил Божиновски, Емил Димитриев, Михајло Маневски, Мартин Протоѓер, Јохан Трчуловски, Амди Бајрам, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков се луѓето што имале обезбедување врз основа на усна наредба, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Според Спасовски, ова било правено врз основа на усни наредби на началникот на шестата управа и надвор од сите законски овластувања, со што е нанесена голема материјална штета на МВР.

– Стотици возила и луѓе биле непотребно ангажирани врз основа на субјективни процени на неовластени лица во постапката и некомпатибилни со регулативата што го регулира овој процес – изјави Спасовски.

Министерот за внатрешни работи рече дека издал наредба од први декември на сите лица што не ги исполнуваат законските услови да им бидат одземени обезбедувањето и возилата што неовластено и незаконски ги користеле.

Спасовски додаде дека началникот на шестата управа, кој ги издал наредбите, бил сменет неколку дена пред тој да дојде на функција.

– Началникот на шестата управа е сменет пред да дојдам јас на функцијата и таму сега има вршител на должноста началник. Побарав од претходниот да даде службена белешка врз основа на што ги дал усните наредби – рече Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...