Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
„Министерот Спасовски ја презентираше актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакна своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и на професионалноста во работата на вработените во Министерството. На средбата, исто така, тој ја претстави и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза, истакнувајќи дека Република Македонија презема сè што е во нејзина моќ за да ја осигура безбедноста на своите граѓани и да пружи хуман третман на мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија“, стои во соопштението.