fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Дали МВР ќе поднесе пријава за Диме Спасов ќе се знае најдоцна утре

Во текот на денешниот ден, а најдоцна утре, Министерството за внатрешни работи ќе ги заврши сите постапки околу сообраќајките што се случија во петокот, а во кои беше инволвиран дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Во текот на денешниот ден ќе ги завршиме сите постапки и...

Чекањето на Јанева пред врата во МВР не било грешка, туку процедура, вели Спасовски

Чекањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред капијата на Министерството за внатрешни работи во петокот и повиците до обезбедувањето да „отвори“, според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не било грешка, бидејќи имало правила како се влегува во МВР. „Тоа не е грешка. Во моментите додека да се јават за да се обезбеди пристапот, знаете, и дома кога ви доаѓаат...

Спасовски: Со МВР раководам јас, а директорите на БЈБ и на УБК „можеби малку опструираат“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Спасовски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“, вели дека во моментов во МВР се работело попрофесионално и постабилно од времето кога со министерството раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту во моментов, ниту во кое било време...

СЈО: Безбедноста на опремата ќе биде на товар на УБК, бидејќи не пуштаат наши истражители

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, денеска го известил Специјалното јавно обвинителство дека не дозволува истражители на СЈО физички да бидат присутни во УБК додека не дојде надворешниот експерт, кој треба да помогне во извлекувањето на податоците од системите за прислушување. „Откако беа прибавени поголем дел од податоците, а за целосно спроведување на судската наредба, во текот...

Истражителот на СЈО бил приведен, бидејќи фотографирал објект на Мијалков

Истражителот на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица Беко бидејќи бил забележан како фотографира објект во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Тој бил забележан како фотографира објект, го забележало обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Бил повикан на разговор во...

Ристоска: Ќе продолжиме со работата во УБК, министерот вети безбедност за тимот

Специјалната обвинителка Ленче Ристоска информираше дека вечерва во зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) нема да има ниту еден истражител или обвинител од СЈО. Таа истакна дека го повикале и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и од него побарале да се обезбеди непречена работа. - Од министерот побаравме да се погрижи за безбедноста на вработените лица на СЈО....

Спасовски: Како може сам себеси да си правам пуч?

Законот мора да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави попладнево министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал за да даде детални информации и да ја појасни ситуација за тоа што вчера и денеска се случува во Управата за безбедност и...

Димитриев: За една година ќе имаме преструктуиран безбедносен систем

Министерството за внатрешни работи почнува со реализација на процесот на реформи за консолидација на безбедносниот систем во државата, во согласност со препораките од извештајот на Прибе, кои, меѓу другото, треба да ја засилат контролата на работата на безбедносните служби. Ова денеска на прес-конфереција го соопшти техничкиот премиер Емил Димитриев, по состанокот на кој присуствуваше целото раковдство на МВР, односно министерот,...

Спасовски: Граѓаните ќе бидат контролори на буџетот

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи во преодната влада, Оливер Спасовски, денеска во Охрид рече дека секој граѓанин во секое време ќе има можност да изврши увид во буџетот и дека секој ќе биде контролор на власта. - Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу бргу ќе се случи. Времето на неодговорни...

Владата бара унапредувањето на вредните полицајци да се одложи за три години

Унапредувањето на вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) во повисок платен ранг наместо од 1 јануари 2017 година, како што е утврдено со актуелниот Закон за внатрешни работи, да почне да се применува од 1 јануари 2020 година. Ова е измената на Законот за внатрешни работи што ја бара МВР, а која в четврток, според најавената агенда, треба...

Спасовски: До сега се сменети 11 началници во МВР, можно е да се сменат уште четворица

Досега во Министерството за внатрешни работи се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица, одговори денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, на промоцијата на полициски службеници во Идризово. Спасовски информираше дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во МВР биле во исто време...

Во Идризово промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Во Центарот за обука во Идризово, денеска беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека овие вработени треба да се раководат од фундаменталните принцип на професијата, легализмот и од владеењето на правото. - Принципи, без чие што целосно почитување не е можно да се служат и да се заштитуваат граѓаните, оние заради кои воопшто...

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Вие бевте информирани за...

По Јанкулоска, сега Андонов се вози во украдениот џип на Бекам

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, се вози во џипот, марка „БМВ Х5“, што како службено возило, за време на речиси целиот свој мандат, го користеше поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, дознава „Мета“. Инаку, токму ова возило, во медиумите беше индентуфикувано и како џип на поранешната фудбалската ѕвезда, Дејвид Бекам, кој бил украден во Шпанија и,...

МВР ги разреши актерите од провокацијата кај амбасадата на САД и од случајот „Трезор“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, разреши 11 раководители во повеќе сектори на МВР. Високи извори од МВР за „Мета“ потврдуваат дека некои од нив се разрешени поради инцидентот со вежбата на „алфите“ во близина на Амбасадата на САД во Скопје и поради истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Помеѓу разрешените е и Небојша Стајковиќ, за кој медиумите објавија дека е еден...

Спасовски: Да им се помогне на семејствата на загинатите бранители

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го прогласи за отворен меморијалниот турнир во мал фудбал „Македонски херои“, што се одржува во чест на загинатите бранители од 2001 и од 2015 година, а е под покровителство на Министерството за внатрешни работи. Спасовски рече дека преку овој меморијален турнир во мал фудбал уште еднаш им...

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители

Во чест на загинатите бранители од 2001 и од 2015 година, денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде отворен Меморијален турнир во мал фудбал. Организацискиот одбор на турнирот е составен од претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и од Здружението на загинатите бранители од 2001 година „Македонски херои“. Меморијалниот турнир во мал фудбал е под покровителство на...

Кумановскиот СВР му поднесе кривични пријави на градоначалникот Дамјановски

Секторот за внатрешни работи Куманово му поднесе две кривични пријави на градоначалникот на Општината, Зоран Дамјановски, со кои го товари за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во првиот случај, Дамјановски и двајцата раководители на општинските сектори за урбанизам и за инспекциски надзор се осомничени за пропусти околу реконструкцијата и пуштањето во употреба на раскрсницата меѓу булеварот Трета македонска ударна...

Спасовски: Ќе го пресретнеме секој обид за изборни или предизборни нерегуларности

Од денеска, ние, министрите и дополнителните заменици-министри од СДСМ, ќе бидеме очите на граѓаните во владата, вети новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој предмалку беше избран во Собранието, во согласност со Договорот од Пржино. - На 11 декември мора да има и ќе има регуларни избори. Во Македонија ќе има само регуларни избори и никакви поинакви. Затоа сме...

Собранието ги изгласа министрите на СДСМ во преодната влада

Пратениците во Собранието денеска ги изгласаа двајцата министри од СДСМ во преодната влада, предвидена во Договорот од Пржино. За Оливер Спасовски, кој ќе биде министер за внатрешни работи, и за Фросина Ременски, која ќе биде министерка за труд и социјална политика, гласаа 95 пратеници, а двајца беа против. Претседателот на владата, Емил Димитриев, кога ги предложи новите министри рече дека крајно...

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...