fbpx

Спасовски: Граѓаните ќе бидат контролори на буџетот

-

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи во преодната влада, Оливер Спасовски, денеска во Охрид рече дека секој граѓанин во секое време ќе има можност да изврши увид во буџетот и дека секој ќе биде контролор на власта.

– Секој буџетски денар мора да биде на ваш увид и тоа многу бргу ќе се случи. Времето на неодговорни политичари завршува. Ќе овозможиме на сите граѓани да имаат редовни и точни информации во кои проекти се вложуваат вашите пари што се слеваат во буџетот на Република Македонија. Сите државни институции ќе имаат обврска да објавуваат детални месечни извештаи за сите исплатени пари од буџетот. Исто така, ќе се објавуваат и обврските што не се исплатени, заедно со образложение зошто тоа не е сторено, ако не е. Сите овие податоци ќе стојат на веб-страницата на Министерството за финансии – рече Спасовски.

Генералниот секретар на СДСМ додаде дека повеќе нема да има привилегирани политичари кои трошат народни пари за лично богатење и при тоа не понесуваат никаква одговорност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.