fbpx

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

-

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Вие бевте информирани за сериозните недоразбирања меѓу мене и привремениот министер Оливер Спасовски околу поставувањето кадри во Министерството за внатрешни работи. Колку што можам да видам, началникот од СВР Штип, што Спасовски го постави, не го гледам тука меѓу другите раководители – изјави Андонов.

Според него, ова покажува дека интенцијата на министерот Спасовски околу толкувањето на законите продолжува и дека двајцата треба сериозно да поразговараат за ситуацијата.

– Мислам дека доколку не седнеме и не поразговараме со него сериозно, за да ги расчистиме неговите дилеми во однос на толкувањето на законите, кои ги толкува како што сака, тоа ќе повлијае врз работата на МВР. Единствен правец за излез од оваа состојба е почитување на Законот за внатрешни работи и на Законот за влада координирано, бидејќи се врзани еден за друг – рече Андонов.

Андонов беше во посета на Штип за, како што рече, да се запознае со безбедносната состојба, која ја оцени како добра. Дополнителниот заменик-министер смета дека треба да се засилат мерките и да се спречат поголеми сообраќајни несреќи, како неколкуте што се случија во изминатите неколку дена.

Околу овие прашања, Андонов разговараше со новиот началник на СВР Штип, кој иако не го пречека, сепак го прими дополнителиот заменик-министер во својот кабинет.

Со доаѓањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски направи 11 промени на раководни позиции во МВР, а смени и седум началници во секторите за внатрешни работи.

Дополнителниот заменик-министер Андонов ова го оцени како грубо кршење на законите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...