fbpx

Спасовски: Како може сам себеси да си правам пуч?

-

Законот мора да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави попладнево министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал за да даде детални информации и да ја појасни ситуација за тоа што вчера и денеска се случува во Управата за безбедност и контраразузнавање, наспроти шпекулациите кои создаваат нервоза кај граѓаните.

Според него, вчера обвинители од СЈО дошле во МВР и побарале средба со директорот на УБК, но откако таа средба не била остварена, тие имале средба со Спасовски на која ги образложиле судските налози врз основа на кои треба да постапат во УБК. По првиот неуспешен обид, тимот на СЈО се сретнал со раководството на УБК и ги образложил сите законски основи врз основа на кои барале да ги добијат податоците. Како што информираше Спасовски, по првиот налог веќе се постапува, а за вториот се бараат технички можности за да се заврши работата.

Тој рече дека најголем куриозитет од прес-конференцијата на дополнителниот заменик-министер Оливер Андонов било дека СЈО со барањето на податоци од УБК може да ја загрози националната безбедност и дека имале намера со Спасовски да направат пуч во МВР.

– Како може јас, кој раководам со МВР, да правам планови за си направам пуч сам себеси – рече Спасовски.

Во врска со двајцата техничари кои имаат пристап до опремата, министерот рече дека тие информации ги има директорот на УБК.

– Тој ги има и податоците колку точно техничари имаат овластување да оперираат со системот. Сите податоци што ги бара СЈО може да бидат извлечени онлајн, а ПИ-мерките кои се во тек да продолжат да функционираат – рече Спасовски.

Околу информациите дека обвинители и истражители имале проблеми при влегувањето во кругот на МВР, Спасовски рече дека им е овозможен непречен пристап, но дека имало проблем со поединци во МВР кои барале од обвинителите да се легитимираат. Во врска со ова, како што рече Спасовски, веќе била поведена постапка во секторот за внатрешна контрола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...