Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

-

Горан Грујовски ја прима целата плата иако е на боледување. Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, го брани началникот на петтата управа, Горан Грујовски, кој е под истрага на СЈО, праша генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција.

– Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување, не може да преземе соодветни правни постапки, затоа што Горан Грујовски бил на боледување. Ова е извод од Управата за јавни приходи од којшто може да се види дека Горан Грујовски ја прима целата плата! Овој документ упатува на тоа дека Грујовски не е на боледување, а министерот Чавков лаже. Доколку е така, Чавков влегол во сериозно дело – попречување правна постапка против осомничен за сериозно кривично дело, скандал со нелегално прислушување – изјави Спасовски.

Генералниот секретар на СДСМ побара од надлежните институции да проверат дали министерот Чавков ја злоупотребува својата службена положба и го крие Грујовски и да преземат соодветни мерки против него.

Спасовски истакна дека ниеден граѓанин во Македонија не зема цела плата додека е на боледување.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...