fbpx
Таг: новинари

таг: новинари

Дванаесет новинари во „Телма“ прогласени за технолошки вишок

Дванаесет вработени во „Телма“, со одлука на раководството, денеска се прогласени за технолошки вишок, јавува „Плусинфо“. Меѓу нив се и докажани новинарски имиња како Панта Џамбазовски, Емилија Лазаровска, Томислав Османли, Виолета Зајкова, Соња Николовска, Јулијана Лефковска-Пешевска и други вработени во информативната, културната и во забавната редакција на телевизијата. Тие не добиле образложение зошто е донесена таквата одлука, но во писменото известување...

Од „Канал 77“ бараат новинарските здруженија да реагираат за инцидентот со нивната новинарка

Националното радио „Канал 77“ упати јавна осуда на однесувањето на приврзаниците на ГДОМ, кои вечера на протестот во Штип не ѝ дозволиле на новинарката на радиото, Вања Мицевска, да известува од настанот. Тие ги повикаа новинарските здруженија да го осудат инцидентот, кој е уште еден од серијата во кои се попречуваат новинари во вршењето на новинарската работа. - Учесници на контрапротестот...

Денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите

Во светот денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите, за која се оценува дека е на најниско ниво во последните 12 години. Во повеќе земји ќе се одбележи со меѓународна акција „Пет минути громогласна тишина“, за да се предупреди јавноста на сè потешката положба на новинарската професија. Во последниот извештај на „Фридом хаус“ се наведува дека во 2015 година од 199...

ЗНМ: Институциите да не ги попречуваат новинарските екипи во нивната работа

Здружението на новинарите на Македонија го осуди нападот на дел од демонстрантите врз редакцијата на „Радио Слободна Македонија“ во Скопје и бара од институциите веднаш да ги откријат напаѓачите и најостро да ги казнат. „Секој напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот и врз правото на граѓаните да бидат информирани. Неказнувањето на насилството може да доведе до многу...

ЗНМ: Спасовски да ги идентификува и да ги казни полицајците што тепаа новинари

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициското насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје. „Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и врз четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наке Батев од „Вечер“, Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите...

ССНМ: Ќе поднесеме кривична пријава за ЕБР за непознат сторител

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е згрозен од однесувањето на полицијата за време на синоќешните протести во Скопје, во кои новинар и фоторепортер се повредени, а колегите биле влечени, туркани и кон нив се постапувало со непримерна сила и со ароганција. „Во ситуација кога десетици напади врз новинарски екипи не се расветлени, а сторителите не се пронајдени, синоќешните настани...

Состојбата со слободата на говорот и со медиумите не е добра, смета Орав

Состојбата со слободата на говорот и со слободата на изразувањето во Македонија не е добра. Ова го изјави амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во земјава, Аиво Орав, на конференцијата „Поддршка од ЕУ за слободата на говорот и за слободата на изразувањето“ која се одржа денеска во Скопје, пренесува порталот „Нова ТВ“. – Слободата на изразување и медиумското опкружување и понатаму...

24-часовен штрајк на грчката администрација

Грчката администрација денеска излегува на протест и одржува 24-часовен штрајк во знак на незадоволство за новите реформи во пензискиот и во здравствениот систем, како и за даночните реформи што ќе донесат нов финансиски товар врз грчкиот народ. Протестот го организира еден од работничките синдикати, АДЕДИ. Кон штрајкот и протестот низ атинските улици покрај административците, се приклучуваат и наставниците и професорите, контролорите...

Од утре во Грција штрајкуваат лекарите, новинарите и административците

Грчката администрација утре излегува на 24-часовен штрајк и протест против новите владини мерки за здравственото и пензиското осигурување, но и поради новите планови за зголемување на даноците. Протестот го организира синдикатот АДЕДИ, а кон него се приклучува и синдикатот на новинари поради што во Грција утре ќе има медиумски мрак. Со проблем ќе се соочат сите што планираат да патуваат со...

СДСМ до Собранието денеска ќе поднесе предлог-закон за медиуми

СДСМ го поддржува предлог законот за реформи во медиумите, поднесен од новинарските здруженија, изјави денеска на прес-конференција, Горан Сугарески, координатор на пратеничката група на опозицијата. Тој рече дека денеска нивната пратеничка група и коалиционите партнери поднесуваат предлог-закон за изменување на Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, по скратена постапка со барање за одржување на итна седница на Собранието. -...

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

ЗНМ: Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница

Здружението на новинарите на Македонија денеска го повика Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница, на која се очекува да се расправа за оценување на уставноста на одредени членови од Законот за помилување. Од ЗНМ велат дека одлуката јавноста да се исклучи од утрешната седница е во спротивност со Деловникот на Уставниот суд и оти...

Грчките новинари раскажаа како биле опколени и приведени од македонската полиција

Грчките новинари кои заедно со групи нивни колеги од странство и волонтери вчера беа приведени од македонската полиција, се вратени назад во Грција откако биле задржани шест часа, платиле казна од 260 евра за нелегално преминување на граница и добиле шестмесечна забрана за влез во Македонија. Вкупно биле уапсени 12 грчки новинари, фоторепортери и техничари и уште 30 странски новинари и волонтери од невладини...

Мигрантите вратени во Грција, новинарите ослободени на Богородица со парична казна

Мигрантите што вчера успеаја да најдат „пукнатина“ на македонско-грчката граница и навлегоа на македонска територија кај гевгелиското село Моин, се вратени назад во Грција, соопштија денеска за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за 1.500 лица, кои вчера беа задржани од македонските безбедносни сили. Друга група од околу 600 до 700 лица биле затекнати на граничната линија во обид...

Не барајте помош: СОС-линијата за самоубиства е глува

Граѓаните кои имаат психички проблеми или, пак, имаат нагони за самоубиство, немаат СОС-телефон каде што би можеле да се обратат и да побараат помош. Бројот 02-3136-400 кој беше промовиран токму за таа цел, не функционира - односно се слуша сигнал на ѕвонење, но никој не одговара. „Мета“ вчера се обиде да добие некого на последната позната телефонската СОС-линија за кризни состојби...

ССНМ: Ниту еден партиски центар нема да ни држи лекција по новинарска етика

Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници денеска излезе со став за тоа што, всушност, новинарите добија од Договорот од Пржино, односно дека новинарите сега се уште поисплашени и помалодушни, дека сега има посилна офанзива за да се отстранат неподобните новинари, се прават нови групирања и поделби меѓу новинарите. Од Синдикатот се сомневаат дека сметката на МРТВ е блокирана како...

Грција забрани известување од центрите за мигранти, новинарите обвинија за цензура

Грчките новинари се револтирани од одлуката на Министерството за миграција привремено да им се забрани пристап во центрите за мигранти. Кратко по вчерашните инциденти кај Идомени, Министерството соопшти дека нема да им се издаваат дозволи на новинарите за пристап до прифатните центри каде се врши регистрација на мигрантите. Од Министерството истакнуваат дека се работи за привремена мерка и дека за кратко време повторно ќе издаваат...

Продолжува судењето за „Диво Насеље“, искази треба да дадат сведоци на одбраната

Денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1 продолжува судскиот процес против 29 обвинети за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште, според најавите, искази пред судот треба да даваат сведоци предложени од одбраната на обвинетите, кои се товарат за тероризам и за терористичка организација. На рочиштето што се одржа во...

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...