fbpx

Не барајте помош: СОС-линијата за самоубиства е глува

-

Граѓаните кои имаат психички проблеми или, пак, имаат нагони за самоубиство, немаат СОС-телефон каде што би можеле да се обратат и да побараат помош. Бројот 02-3136-400 кој беше промовиран токму за таа цел, не функционира – односно се слуша сигнал на ѕвонење, но никој не одговара.

„Мета“ вчера се обиде да добие некого на последната позната телефонската СОС-линија за кризни состојби на Клиниката за психијатрија. По неколку часа упорно ѕвонење, никој не крена слушалка.

За да добиеме потврда дали телефонскиот број сè уште е во функција, одговор побаравме од директорот на Клиниката за психијатрија, Антони Новотни.

Тој не го ни знаеше бројот и нè препрати кај својата секретарка, која, пак, не одговори на нашите повици.

Прашавме и уште една докторка во клиниката, но и таа немаше конкретна информација. Ни рече дека не е сигурна кој е новиот број и дали воопшто постои, но дека бројот на кој ние се обидувавме да се јавивме, веќе не е активен.

Да ја провериме СОС-линијата нè поттикна информацијата за случајот со младата девојка што се самоуби во Аеродром.

Пред неколку години, Жарко Трајановски, експерт за човекови права, во „Сервис за проверка на факти во медиумите“ објави анализа за тоа како новинарите треба да известуваат за самоубиства.

Во анализата напишан беше и бројот на кој граѓаните можат да се јават во кризни ситуации.

– Пред да го објавам бројот, јас се јавив и го проверив. Тогаш функционираше. Ако не функционира телефонскиот број и нема информации кој е новиот број и дали воопшто има, тогаш тоа е катастрофа – рече Трајановски.

Во анализата на Трајановски, меѓу другото, се вели дека новинар(к)ите треба да се воздржуваат од детални описи на жртвата (особено ако не станува збор за јавна личност) и на методот на самоубиство, затоа што деталното известување може да претставува поттик и други луѓе да го копираат тоа.

„Ако се известува за случај на предозирање на некоја јавна личност, се препорачува да не се известува детално за природата, квантитетот, комбинацијата на земени дроги или начинот на кој се набавени. Кај нас, премногу често се објавуваат имињата, презимињата и други лични податоци за жртви на самоубиство кои не се јавни личности, а за методот на самоубиство сензационалистички се известува уште во насловот. Неретко се посочуваат детали и за средството со кое е извршено самоубиството (објавување марка на пиштол, „бренд“ на хемикалија, вид и квантитет на злоупотребени лекови или дрога, итн.).“, пишува во анализата на Трајановски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...