fbpx

Грчките новинари раскажаа како биле опколени и приведени од македонската полиција

-

Грчките новинари кои заедно со групи нивни колеги од странство и волонтери вчера беа приведени од македонската полиција, се вратени назад во Грција откако биле задржани шест часа, платиле казна од 260 евра за нелегално преминување на граница и добиле шестмесечна забрана за влез во Македонија.

Вкупно биле уапсени 12 грчки новинари, фоторепортери и техничари и уште 30 странски новинари и волонтери од невладини организации.

Меѓу приведените беше и фоторепортерот на грчката новинска агенција АПЕ, Јанис Колесидис, фоторепортерот на агенцијата „Стрејт аут оф камера (SOOC), Константинос Цакалидис, фоторепортерот на „Интајмн њус“, Јанис Лиакос, како и фоторепортерот Димитрис Тосидис, кој меѓу првите јави дека е приведен од полицијата.

Фоторепортерот Цакалидис, кој од август минатата година известува од Идомени, во разговор со „Мета“ објаснува дека сите што беа приведени се добро, а во полициската станица не се соочиле со никакви проблеми од полицијата.

Како што објаснува, во моментот кога биле уапсени, не знаеле точно каде се, ги следеле бегалците, заедно со нив ја преминале и реката, продолжиле да се искачуваат преку планински патчиња и во еден момент се нашле опколени од македонската војска.

– Ги следевме бегалците, преминавме преку планината. Немаше никаде знак кој покажува дека преминуваме граница и одиме од една во друга држава. Продолживме бидејќи не ни знаевме точно каде се наоѓаме. Во еден момент, веројатно имавме преминато на другата страна, војската која од далеку ја набљудуваше жичената ограда и што се случува околу неа, почна да ни се приближува и нè опколи. Ги фатија и бегалците, а потоа и нас – вели Цакалидис за „Мета“.

Ги уапсиле околу 16 часот во пограничното село кај Гевгелија и ги пренеле веднаш во полициската станица во Гевгелија.

– Целиот процес потоа во полициската станица траеше долго време. Таму бевме до полноќ. Триесетина минути по полноќ нè ослободија нас, грчките новинари и фоторепортери. Полицијата ни кажа дека треба да платиме казна за нелегално преминување од 260 евра и добивме шестмесечна забрана за влез во државата. Чекавме долго време, некои немаа ни документи со себе, јас ги имав заборавено документите во хотелот во Гевгелија, каде престојував додека известувам од Идомени – додава Цакалидис.

Тој вели дека им помогнале претставници од грчката амбасада во Скопје, кои веднаш излегле во пресрет за превод и за побргу да бидат пуштени.

Цакалидис сведочи дека веднаш им биле одземени камерите и фотоапаратите, кои им ги вратиле кога биле ослободени. Единствено што забележува е дека од полицијата никој не им донел ниту вода да се напијат додека чекале таму.

– Една волонтерска организација, мислам од Шведска, ни донесе нешто да јадеме и да се напиеме вода. Полицијата не ни понуди ништо, ниту чаша вода. Ни рекоа, ако сме жедни, да се напиеме вода од чешмите во тоалетот. Ние се немавме напиено вода од 11 часот изутрината – вели Цакалидис.

За целото искуство со бегалците вчера, преминувањето низ студените води на Сува Река и за пешачењето со часови низ планината вели дека било многу потресно и емотивно искуство.

За бегалците што преминаа вели дека и самиот не знае што се случило со нив. Некои, според информациите, се вратени во Идомени, други се во Гевгелија, трети останале на планината, во надеж дека ќе преминат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...