fbpx

ССНМ: Ќе поднесеме кривична пријава за ЕБР за непознат сторител

-

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е згрозен од однесувањето на полицијата за време на синоќешните протести во Скопје, во кои новинар и фоторепортер се повредени, а колегите биле влечени, туркани и кон нив се постапувало со непримерна сила и со ароганција.

„Во ситуација кога десетици напади врз новинарски екипи не се расветлени, а сторителите не се пронајдени, синоќешните настани уште еднаш потврдија дека новинарството во оваа земја има третман на непријателска дејност и дека новинарите, снимателите и фоторепортерите се лесна мета на насилници независно дали се тие во униформа или не.

ССНМ овојпат нема да испраќа празни апели туку информира дека за случувањата ќе ги испита сите правни можности за поднесување кривична пријава за Единицата за брзо распоредување (ЕБР) за непознат сторител и пријава до внатрешна контрола на МВР. ССНМ ќе достави и извештај до сите релевантни новинарски организации што ги бележат и ги рангираат состојбата и третманот на новинарството во светот. Со синоќешните напади врз новинарите, Македонија се лизна уште подолу на скалата на слободата на медиумите“, се вели во соопштението на ССНМ.

Од Синдикатот им порачуваат на новинарите и на медиумските работници да покажат солидарност во случаи како вчерашниот.

„Колеги, бранете се! Покажете солидарност на теренот, не дозволувајте врз никој од вас да биде применета сила, бидете заедно и чувајте се затоа што, за жал, полицијата иако ѝ е тоа работа, очигледно нема да го стори тоа“, апелираат од ССНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...