fbpx

Од утре во Грција штрајкуваат лекарите, новинарите и административците

-

Грчката администрација утре излегува на 24-часовен штрајк и протест против новите владини мерки за здравственото и пензиското осигурување, но и поради новите планови за зголемување на даноците. Протестот го организира синдикатот АДЕДИ, а кон него се приклучува и синдикатот на новинари поради што во Грција утре ќе има медиумски мрак.

Со проблем ќе се соочат сите што планираат да патуваат со авион бидејќи контролорите на летови исто така прогласија 24-часовен штрајк, поради што нема да има ниту еден лет од и кон Грција сè до петок. Грчката авиокомпанија „Олимпик“ веќе откажа 36 од предвидените летови за четврток.

На протестот ќе му се приклучат и докторите и медицинскиот персонал од болниците, како и адвокатите.

АДЕДИ реагира против пензиските реформи со кои подоцна ќе се оди во пензија, односно на 67 години, како и поради поскапувањето на здравствените услуги за пензионерите.

Според синдикатот, владата со новите реформи фрла нов финансиски товар и се обидува дополнително да го осиромаши народот и да ги истурка младите кон работа во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...