fbpx

ССНМ: Ниту еден партиски центар нема да ни држи лекција по новинарска етика

-

Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници денеска излезе со став за тоа што, всушност, новинарите добија од Договорот од Пржино, односно дека новинарите сега се уште поисплашени и помалодушни, дека сега има посилна офанзива за да се отстранат неподобните новинари, се прават нови групирања и поделби меѓу новинарите.

Од Синдикатот се сомневаат дека сметката на МРТВ е блокирана како дел од партиските превирања кој да го преземе јавниот сервис, а цената за тоа да ја плаќаат вработените.

„Не очекувајте слободна и професионална информација во такви услови, но колеги новинари од МРТВ, не очекувајте партиите доброволно да се откажат од можноста да ве држат во економска условеност. ССНМ е соочен со медиумска хајка, со оцрнување и со акција за формирање контрасиндикат кој по теркот на МАН не се формира да брани туку да урива. Конкретно, како што МАН постои за да контрира на барањата на ЗНМ, сега се формира синдикат, по директива, за да контрира на ставовите на ССНМ“,  велат од ССНМ.

Поради овие причини, ССНМ одлучи да почне во кампања за членство и сите нови зачленувања во следниве три месеци да бидат со симболична членарина.

Од Синдикатот велат дека резултат на Договорот од Пржино  е неверојатната и арогнатна кампања за поистоветување на пропагандата со новинарството, кампања која под лажната слика за балансираност брои секунди и минути и напаѓа сѐ што е професионално и критичко новинарство.

„Не дозволуваме ниту еден партиски центар да ни држи лекции по новинарска етика. Воедно, извршниот одбор на ССНМ констатира дека веќе нема простор за никакви дијалози и обиди за аргументирана дебата со тие што не само што не ги почитуваат туку и работат против стандардите и принципите на професијата. Немаме намера да губиме време и енергија. На сметка на тоа – тргнуваме во кампања да изградиме широк фронт за враќање на новинарството на новинарите, а медиумите на граѓаните“, велат од ССНМ.

„Бараме системски решенија: финасиска независност на МРТВ, забрана за државни реклами во медиумите и непартиски регулаторни тела. Зад нас не стојат силни медиуми, ниту газди, ниту политичари, зад нас стои само вистината и принципите на професијата и тоа е сосема доволно да бидеме оптимисти и да не ја запреме борбата“, категорични се од Синдикатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...