четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: цензура | 45 резултати

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

ноември 17, 2023

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од […]

Со изменета фотографија лажно се тврди дека филмот „Барби“ е забранет во Србија

јули 13, 2023

Никаде не може да се најде информација дека филмот „Барби“ е забранет во Србија, а во овој филм воопшто не постои мапа на голема Албанија. Ниту, пак, има некаква мапа на која не е прикажана Северна Македонија, за, како што се сугерира во постот, филмот да биде забранет и во нашата држава. Сцената во која […]

Ирска не донела закон со кој се забранува читање и споделување на вести надвор од мејнстрим медиумите

мај 9, 2023

Ирска донесе закон против говор на омраза за кој  известуваа повеќе официјални медиуми, а целосниот текст од законот е објавен на страницата на ирската влада. Станува збор за легислатива насочена против злосторства од омраза, со кои се потенцира дека е кривично дело да се негира или да се претставува на тривијален начин геноцидот, а се […]

Медиумите мета на странски влијанија, политички пресметки и бизнис интереси

мај 5, 2023

Галиматијас од сопственици, од бизнис и партиски центри, сето тоа е плодна почва за странски влијанија врз медиумите но и за нагласен степен на мешање и притисоци врз слободата на новинарството и новинарските професионални стандарди, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пишува: Александар Божиновски Во Македонија ретки се медиумите […]

Русија го приведе американскиот новинар Еван Гершкович од „Волстрит Журнал“

март 30, 2023

Американски новинар кој работи за угледниот весник „Волстрит Журнал“ е приведен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти Руската служба за безбедност ФСБ, пренесува Би-би-си. Еван Гершкович, искусен новинар од Русија, работел во градот Екатеринбург во моментот на притворањето. „Волстрит журнал“ соопшти дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност. ФСБ соопшти дека ги „запрела нелегалните […]

Руски суд осуди познат новинар на осум години затвор, ширел „лажни вести“ за инвазијата во Украина

февруари 1, 2023

Познатиот рускиот новинар и критичар на Владимир Путин, Александар Невзоров е осуден на затворска казна од осум години за „ширење лажни вести“ за руската војна во Украина, пишува Политико. Московскиот суд го осуди Невзоров поради „објавување лажна информација за намерно бомбардирање на руската војска на породилиште во Мариупол“ на неговите профили на Инстаграм и Јутјуб. […]

Кина ја засилува цензурата на интернет

ноември 20, 2022

Нов закон што ќе стапи на сила на 15 декември во Кина ќе воведе строга цензура за сите критички коментари поврзани со вестите. Овој потего доаѓа во време на многу гневни реакции од јавноста поради строгата анти-ковид политика на кинеските власти, па Кинезите оддишка наоѓаа на интернет, пишува хонконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“. Кинеските […]

ЗНМ ја поздрави судската одлука против обидот за цензура на „Нечиста крв“

октомври 20, 2022

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздрави одлуката на Основниот граѓански суд-Скопје за донесеното решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис […]

Фридом Хаус: Русија со најголем пад според слободата на интернетот – блокирани над 5.000 веб-страници

октомври 19, 2022

Најголемиот пад на слободата на интернетот го има Русија, откако Кремљ ги интензивираше своите напори да ја задуши опозицијата и да ги замолчи независните медиуми во пресрет на незаконската и неиспровоцирана инвазија врз Украина, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на интернетот, во кој се анализирани 70 држави, пишува „Вистиномер“. Текстот […]

ССНМ: Медиумите ќе бидат изложени на брутална цензура ако судот го прифати барањето на Жан Митрев

октомври 19, 2022

Целата медиумска индустрија ќе биде изложена на брутална цензура ако судот го прифати барањето на доктор Жан Митрев за примена на вонредни судски мерки, односно за повлекување на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со наслов „Нечиста крв“, предупреди денес Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). ССНМ јавно инсистира Судот да не го […]

Русија го блокираше и СаундКлауд поради наводно ширење дезинформации

октомври 2, 2022

Русија го ограничи пристапот до веб-страницата на апликацијата за стримање на музика СаундКлауд поради наводно ширење на дезинформации, јавува Ројтерс. Руските медиуми денеска потврдија дека државниот регулатор за комуникациите Роскомнадзор ја блокирал страницата, и тоа на барање на канцеларијата на Генералното обвинителство. „Роскомнадзор го ограничи пристапот до услугата СаундКлауд во врска со поставување материјали што […]

Њујорк Тајмс: Протечени документи разоткриваат строго следење и цензура во Русија

септември 23, 2022

Протечени документи од рускиот државен регулатор на комуникациите „Роскомнадзор“ покажуваат како Русија врши дигитално следење на своите граѓани и цензурирање, изедначувајќи се со авторитарните држави како Кина и Иран и дека од основањето на Роскомнадзор во 2008 година, Путин го претворил во систем на шпионажа заради задржување на моќта, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализирал околу […]

Рускиот новинар Муратов ја продава Нобеловата награда за да им помогне на украинските бегалци

март 22, 2022

Новинарот и главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов денеска изјави дека Нобеловата награда за мир што ја доби лани ќе ја стави на аукција за да собере фонд за помош на украинските бегалци, јавува Ројтерс. „Ги повикувам аукциските куќи кои се заинтересирани да ја огласат оваа награда, која е позната низ целиот […]

По банирањето на Фејсбук и Инстаграм двојно се зголеми побарувачката за ВПН услуги во Русија

март 15, 2022

Откако руската влада го банираше пристапот до социјалната мрежа Фејсбук на корисниците во Русија минатата недела, стотици илјадници руски државјани се обидуваат да ја заобиколат забраната со користење на Виртуелната приватна мрежа (VPN), јавува Гардијан. Виртуелната приватна мрежа креира шифрирана конекција меѓу одреден уред на корисник и далечински сервер што може да се наоѓа било […]

Твитер претстави нова верзија која ја заобиколува цензурата на информации од руските власти

март 11, 2022

Твитер лансираше своја нова верзија со заштитена приватност дизајнирана за да ја заобиколи цензурата и надзорот на руските власти за текот на информации во врска со конфликтот во Украина кој трае повеќе од две недели. Станува збор за „onion“ верзија кон која корисниците можат да пристапат преку спуштање на пребарувачот Tor што им овозможува пристап […]

Новинари на „Скај Њуз“ застрелани и ранети во близина на Киев

март 5, 2022

Главниот дописник на британската телевизиска компанија, „Скај Њуз“, Стујарт Ремзи заедно со четворица колеги, новинари кои ги покриваат новостите за воената инвазија во Украина, во понеделникот наутро биле застрелани и ранети во нивното возило кога од друг град се враќале кон Киев, дознава Би-би-си. Додека се обидувале да излезат од колата за да избегаат, Ремзи […]

Руски воздушен напад уништи училиште во Житомир, НАТО предупредува дека Русија користи касетни бомби

март 4, 2022

Во центарот на Житомир, град во северозападниот дел на Украина, руски воздушен напад ја уништи зградата на училиштето бр.25, соопштија украинските власти. „Беше лансиран проектил или бомба. Информациите за жртвите ќе бидат објавени подоцна. Всушност, половина од училиштето беше уништено. Спасувачките операции се во тек“, рече градоначалникот на Житомир, Серхиј Сухомлин во своето видео обраќање, […]

Со порака „не на војната“, вработените на една од последните независни телевизии во Русија се збогуваа од публиката

март 4, 2022

Eдна од ретките независни телевизии „ТВ Дожд“ ја емитуваа својата последна програма пред колективно да се збогуваат и да се одјават, симболично, со емитување на Лебедовото езеро. Вработените на „ТВ Дожд“ вчера, на крај од вечерните вести, се собраа околу водителите, кои порачаа „не на војната“, пред сите заедно да заминат. Преносот траеше и додека […]

ЗНМ: Стратешките тужби за спречување на јавно учество се со цел да ги демотивираат критичките новинари

февруари 4, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) како обид да се обесхрабрат новинарите ја оцени приватната тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев, кој тужеше новинари за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон. Откако Основниот Кривичен суд во Скопје денес ја објави пресудата со која новинарите Мери […]

Русија означи како „странски агенти“ уште шест новинари на Радио Слободна Европа

јануари 11, 2022

Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека уште шест нивни новинари се означени како „странски агенти“ од Руската Федерација, со што овој медиум ја започна 2022 година со вкупно 18 руски новинари од сервисот на РСЕ што се означени како „странски агенти“ и кои се соочуваат со проценети казни од над 13 милиони долари според рускиот […]

Страна 1 од 3