fbpx

24-часовен штрајк на грчката администрација

-

Грчката администрација денеска излегува на протест и одржува 24-часовен штрајк во знак на незадоволство за новите реформи во пензискиот и во здравствениот систем, како и за даночните реформи што ќе донесат нов финансиски товар врз грчкиот народ. Протестот го организира еден од работничките синдикати, АДЕДИ.

Кон штрајкот и протестот низ атинските улици покрај административците, се приклучуваат и наставниците и професорите, контролорите на летови, поради што се откажани сите летови од и кон грчките аеродроми, адвокатите и новинарите. Поради новинарскиот штрајк, Грција ќе падне во медиумски мрак во текот на целиот ден, а утре нема да има весници. На медиумите новинарскиот синдикат им наложи само да пренесат 15-минутни вести еднаш во денот поврзани со штрајкот и со протестите на синдикатите.

На улица ќе излезат и докторите и медицинскиот персонал, поради што болниците ќе работат само со обезбедување и ќе се прифаќаат само итните случаи.

Работничкиот синдикат повикува на масовност на протестот за народот да покаже дека нема да дозволи да поминат реформите со кои се продолжува работниот век и се оди во пензија на 67 години, се намалуваат пензиите и се укинуваат дел од бенефициите и здравственото осигурување за пензионерите.

„Со новиот даночен закон, владата ќе направи големи зголемувања на директни и идниректни даноци за да обезбеди 2 милијарди евра во 2016 и во 2017 година. Новите мерки, пензиското и здравственото осигурување, заедно со прескапото оданочување на вработените, надворешните соработници и научниците, самовработените и земјоделците ги осиромашува и ги троши последните сили на вработените и ги испраќа младите во странство“, се вели во соопштенитето на АДЕДИ.

Од работничкиот синдикат најавуваат ескалација на протестите кога законот ќе биде донесен на гласање во собранието.

Во меѓувреме, грчката влада е во трка со времето да се постигне договор околу новите мерки со тројката. Министерот Евклидис Цакалотос изрази надеж дека до недела ќе успее да се постигне некаков барем прелиминарен договор со европските кредитори и со Меѓународниот монетарен фонд. Како што истакна по вчерашните преговори, можно е на крајот на овие средби да се излезе со два текста, едниот со договор со европските кредитори, другиот од договорот со ММФ, во кои ќе бидат вклучени договорени мерки за пензиите, нови даноци, реформите за земјоделците и невратените кредити.

Сепак, неизвесно е, според Цакалотос, дали овој договор ќе биде доволен за да се исплати нова рата од европскиот кредит за Грција. За двете страни сè уште чкрипат некои работи и има несогласување околу тоа колку високи треба да бидат даноците и поскапувањата, и додека Грција притиска за помеки мерки, ЕУ и ММФ бараат построго стегање на ременот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...