fbpx

Бегалци поставија камп среде Атина

-

Група од околу 40 бегалци и активисти од пристаништето Пиреја вчера околу полноќ се обидоа да постават камп на плоштадот Синтагма во центарот на Атина. Бегалците и активистите во полициска придружба стигнаа во центарот за да почнат протест пред парламентот, меѓутоа беа спречени од полицијата да постават шатори и да кампуваат пред парламентот.

Без инциденти и физичко насилство, полицијата објаснила дека не може да се постават шатори и потоа ги испратила до метрото и ги вратила назад до пристаништето, каде има повеќе од 4.700 бегалци.

Ситуацијата со бегалците и понатаму изгледа како да е целосно излезена од контрола. Во државата има повеќе од 53.000 бегалци, чиј процес на реадмисија во Турција и понатаму е во прекин поради зголемениот број барања за азил за да се избегне заминување од Грција.

Речиси двомесечниот престој во мигрантските центри и во импровизираните кампови ја засилува тензијата и нервозата и кај бегалците и кај локалното население. Тензични протести во текот на ноќта имаше на островот Хиос и од активистите кои бараат да престане враќањето на бегалците, и од дел до локалните жители кои бараат островот да се исчисти.

Условите се и понатаму најтешки на Идомени, каде се стравува дека како што се зголемува дневната температура, ќе се зголемуваат и шансите за развивање епидемии и здравствени проблеми поради нехигиенските услови во кои живеат повеќе од 11.000 бегалци веќе два месеци. Медицинските лица во кампот информираат дека по случаите на хепатитис, сега се појавуваат и кожни проблеми кај луѓето, краста, вошки меѓу децата бидејќи е тешко да се одржува хигиената во монтажните тоалети и тушеви, без доволно вода, со ѓубре, отпад и со фекалии на сите страни. Тоалетите и тушевите не се ни доволни да ги задоволат потребите на повеќе од 11.000 луѓе кои се во шаторите низ кампот, а кои одбиваат да си заминат од Идомени во некои од мигрантските центри.

Градоначалникот на регионот Пеонија, под кој спаѓа Идомени, Христос Гунтенудис, вчера поднесе тужба до државата со обвинение дека целиот хаос со бегалците доведува до блокада на патиштата, железницата, го нарушува јавниот ред и мир. Од општината испратија и псимен протест до министерот за цивилна заштита и до локалката полиција, посочувајќи дека не можат да ја разберат пасивноста на државата и на полицијата околу блокадата на патиштата и на пругата. Во писмото градоначалникот истакнува дека условите за живот и хигиената се на бедно ниво, дека целата ситуација е неприфатлива и јасно е дека никој нема контрола над хигиенските услови во кампот.

Грчката железничка пруга од Солун кон Скопје веќе 20 дена е блокирана, а бегалците продолжуваат со повремени блокади на автопатот од Солун кон Евзони веќе шест дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...