fbpx

ЗНМ: Спасовски да ги идентификува и да ги казни полицајците што тепаа новинари

-

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициското насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје.

„Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и врз четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наке Батев од „Вечер“, Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите новинари и врз слободата на медиумите. Професионалните апарати и објективи јасно ги идентификуваат фоторепортерите како новинари на задача. Нападот врз нив е со намера да ги спречи нив да фотографираат кога полицијата интервенира против демонстрантите. Со насилство против новинари, полицијата сака да сокрие од јавноста користење на неселективна и прекумерна сила врз граѓаните. Со тоа полицијата свесно се стави во улога на цензор и да одлучува што смее да се информира од протестот“, пишува во реакцијата на ЗНМ.

Од Здружението бараат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, веднаш да ги идентификува насилните полицајци и најостро да ги казни.

Од ЗНМ дополнуваат дека досега МВР нема расветлено ниту еден случај на насилство против новинари на протести.

„Ваквото непрофесионално однесување повеќе не може да биде случајност. Полицијата свесно ги прикрива насилниците и дејствува како да е надвор од цивилна контрола“, пишува во соопштението на ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...