fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Попоски и Бесими на работен појадок во Брисел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во Брисел имаат работен појадок до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во организација на министрите за надворешни работи на Унгарија и на Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц. На состанокот, како што велат од МНР, земјите-членки искажале став дека имаат интерес Македонија да биде...

Попоски и Бесими на работен состанок во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, и вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, ќе учествуваат на неформален работен состанок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, што ќе се одржи денеска во Брисел. „Состанокот, кој е во функција на европската интеграција на Република Македонија, се одржува на иницијатива на министрите за надворешни работи на Унгарија и...

МНР не дало поддршка и не било информирано за посетата и за разговорите на Ахмети во Атина

Министерството за надворешни работи едноставно не дало поддршка на патувањето на функционери на ДУИ во Атина, реагираат од МНР по соопштението на ДУИ во кое стои дека посетата на лидерот, Али Ахмети, и на владините функционери на Атина е приватна и партиска „исто колку што беше партиска посетата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски“. „МНР не даде, ниту сега дава...

Министерот Попоски на конференција во Стокхолм

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Стокхолм ќе учествува на министерската конференција на тема „ЕУ интеграција на Западен Балкан, мисија што треба да се заврши“. Од МНР соопштија дека конференцијата се однесува на проширувањето на Европската унија, интеграцијата на Западен Балкан во Унијата и регионалната соработка. Целта на настанот во Стокхолм е промоција на значајната улога на проширувањето,...

Името и бегалската криза во фокусот на средбата Коѕиас – Попоски

Спорот за името и бегалската криза ќе бидат на врвот на агендата на денешниот состанок меѓу шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Атина. Во Атина владее воздржан оптимизам за исходот од посетата, со оцени дека работите се раздвижени, мразот полека се топи и дека условите за наоѓање компромис се значително подобри од...

Попоски утре во официјална посета на Атина

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, утре пристигнува во Атина на официјална средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Ова е втора посета на Попоски на Атина, по неговото учество на неформалниот состанок на министри на ЕУ и државите-кандидати за време на грчкото претседателство во 2014 година, но прва официјална посета како министер за надворешни работи на Македонија. На...

Грчкиот претседател со остри пораки до Македонија

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, испрати остра порака до Македонија дека мора да се придржува до европските принципи и право доколку сака да стане дел од европското семејство. Од Софија, по средбата со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, на само неколку дена пред пристигнувањето на шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски, во Атина, Павлопулос индиректно остро го критикуваше однесувањето на македонската...

Попоски го подготвува теренот за посета на Грција со позитивни коментари

Условите за решавање на спорот за името се повеќе од созреани, според македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. На помалку од пет дена до неговата посета на Атина и до средбата со грчкиот колега Никос Коѕиас, Попоски во интервју за весниците „Катимерини“ и „Реал“ посочува на потребата за поголема соработка, но и вели дека Македонија има направено голем број...

Израелски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството

Премиерот Никола Груевски и министрите Никола Попоски и Џери Наумоф, кои се во посета на Израел, учествувале и се обратиле на бизнис-форум во Ерусалим. На форумот имало претставници на израелски компании од областа на земјоделството, енергетиката, туризмот и од областа на медицината. Владината делегација ги презентирала условите за инвестирање и за водење на бизнис во Македонија. Членот на Израелската комора на индустријалци,...

Попоски во Осло: Треба да се смени пристапот за прием во НАТО и ЕУ

Шефот на македонската дипломатија,Никола Попоски, денеска во Осло се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, Борге Брендеата, министерка за одбрана, Ине Ериксен Сореиде, како и со членови на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот парламентот. Како што соопштуваат од МНР, на средбите се разговарало за можностите за унапредување на билатералните односи и за соработка во...

Попоски во работна посета на Норвешка

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска престојува во работна посета на Кралството Норвешка. Попоски за време на посетата ќе се сретне со норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бренде, како и со министерот за одбрана, Ине Ериксен Сореиде. За време на средбите, како што соопштија од МНР, се очекува да бидат разменети мислења за продлабочување на билатералните односи, за поддршката...

Хан: Ќе дадеме поддршка за преговори ако има успешни избори

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, синоќа во Брисел се сретнал со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за имплементацијата на Договорот од Пржино, приоритетните реформи во Македонија, како и за мигрантската криза. Попоски и Хан, во однос на спроведувањето на Договорот од Пржино, констатирале дека е најважно што поскоро да се договори составот на Државната...

Попоски: Се надеваме дека ќе се унапреди соработката преку границата

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со постојаните претставници на земјите-членки во Европска унија, со кои разговарал за спроведувањето на реформските приоритети и за мигрантската криза. - Успеавме да реализираме најголем дел од политичките приоритети за кои многумина во ЕУ мислеа дека се неостварливи за Македонија. Не е прерано и ЕУ да најде сили да го оствари...

Европски граничари ќе се распределат на македонско-грчката граница

Европските гранични сили Фронтекс ќе се распределат со 400 припадници на македонско-грчката граница, реши ОБСЕ на состанокот во Белград. Според министерот за надворешни работи, Никола Попоски, конечното упатување на припадниците на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите и во подобрување на соработката со грчките власти. Распоредувањето на европските граничари го побарала Атина, за да...

Попоски: Тимови на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница

Тимови на агенцијата на Европската унија за обезбедување на надворешните граници - Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница, потврди во изјава за телевизијата „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Белград, Србија. „Одлуката за конечно упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал по долго убедување....

Никола Попоски утре и задутре ќе учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ

Делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре и задутре ќе учествува во работата на 22. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Белград, Србија. На состанокот, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на српското претседавање со ОБСЕ. Попоски ќе има свое обраќање со...

Попоски: Очекуваме грчката полиција да овозможи протeк на границата

Министерот за надворешени работи, Никола Попоски, денеска по состанокот со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ рече дека мигрантите кои неколку дена чекаат за влез во земјава нема да бидат пропуштени и дека се очекува грчката полиција да ги расчисти за да овозможи протек за оние што бегаат од воените жаришта. Попоски рече дека ќе се преземат сите мерки за заштита...

Попоски: За бегалците, Македонија и Грција треба да се координираат на владино ниво

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, повика координацијата меѓу Македонија и Грција по прашањето за бегалците да се крене на повисоко, владино ново. - Потребна ни е координација со Грција. Во моментов, има соработка меѓу полициските претставници, во смисла да се разменуваат информации за тоа колку лица доаѓаат од грчкото пристаниште Пиреа, информации потребни за да се подготвиме за нивни прием....

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива во Скопје

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје, во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ. Како што соопшти македонското МНР, на форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи, Никола Попоски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку, и заменикот на генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц. На синоќешното свечено отворање се...

Министерот Попоски на работна посета во Србија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, денеска оствари работна посета на Република Србија, на која се сретна со српскиот министер за надворешни работи и потпретседател на владата, Ивица Дачиќ, и со српскиот премиер, Александар Вучиќ. На средбите биле потврдени определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, како и намерата...