fbpx

Попоски и Бесими на работен појадок во Брисел

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во Брисел имаат работен појадок до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, во организација на министрите за надворешни работи на Унгарија и на Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц.

На состанокот, како што велат од МНР, земјите-членки искажале став дека имаат интерес Македонија да биде успешна во евро-интеграцискиот процес и што поскоро да ги почне пристапните преговори.

„Сметаат дека Македонија досега покажала капацитет и дека е професионален и кредибилен кандидат за членство во ЕУ. Пристапниот процес е блокиран предолго и сите се согласуваат дека имплементацијата на политичкиот договор и одржувањето успешни избори се патот кој води кон отворање на преговорите со ЕУ. Особено беше подвлечена позитивната и одговорна улога на Македонија во справувањето со мигрантската криза“, стои во соопштението.

Попоски истакнал дека по седум последователни препораки за почеток на преговорите, време е ЕУ да овозможи кредибилитет на евро-интегративниот процес на Македонија, што истовремено ќе ја унапреди политичката клима во земјата. Тој искажал подготвеност за целосно исполнување на политичкиот договор и на реформските приоритети.

„Со успешно спроведени избори, Македонија ќе биде во можност да ја зајакне својата позиција и да им даде аргументи на земјите-членки за неодложен почеток на преговорите. Во 2016 година треба да се затвори овој циклус и да почне ново поглавје: од една страна Македонија да го спроведе политичкиот договор кој завршува со договорените избори; од друга страна Советот на ЕУ потоа да не пропушти да ги отвори преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Во спротивно принципиелноста на тие што одлучуваат ќе биде ставена под знак прашалник“, истакнал Попоски.
За време на појадокот, Попоски оствари повеќе средби со своите колеги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...