fbpx

Попоски: Тимови на Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница

-

Тимови на агенцијата на Европската унија за обезбедување на надворешните граници – Фронтекс ќе бидат распоредени на македонско-грчката граница, потврди во изјава за телевизијата „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, кој учествува на министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во Белград, Србија.

„Одлуката за конечно упатување на Фронтекс на грчко-македонската граница е добар сигнал по долго убедување. Мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите што постоеја во изминатиот период и, конечно, мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти бидејќи присуството на Фронтекс ќе значи помош во делот на регистрирање и понатамошното процесуирање на мигрантите“, вели Попоски.

Следната недела, како што пренесува „Телма“, 400 припадници на Фронтекс треба да пристигнат на јужната граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...