fbpx

Попоски: За бегалците, Македонија и Грција треба да се координираат на владино ниво

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, повика координацијата меѓу Македонија и Грција по прашањето за бегалците да се крене на повисоко, владино ново.

– Потребна ни е координација со Грција. Во моментов, има соработка меѓу полициските претставници, во смисла да се разменуваат информации за тоа колку лица доаѓаат од грчкото пристаниште Пиреа, информации потребни за да се подготвиме за нивни прием. Има врска меѓу Поликастро и Гевгелија, но мораме да ја кренеме комуникацијата на ниво меѓу Атина и Скопје. Ние сме загрижени од затворањето на границата од страна на Србија, по примерот на другите земји на север од неа. Македонија е единствената земја во која бегалците влегуваат од држава која е членка на Европската унија и на шенгенската зона – оцени шефот на македонската дипломатија на брифингот со грчките новинари, кои ја посетија Македонија по повод бегалската криза.

Попоски рече дека по минатонеделните терористички напади во Париз, станало јасно дека мора да се воведе систем за проверка на бегалците што минуваат низ Балканот.

– Една работа е ако доаѓате од Алепо, каде паѓаат бомби, а друга е ситуацијата ако доаѓате од Карачи, во потрага по подобар живот во Европа. Двете барања се валидни, но мора да се направи разлика меѓу нив – рече министерот.

Попоски истакна дека иако претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, побарал итно да се обезбеди подобра соработка меѓу Македонија и Грција во врска со бегалците, сепак Грција не соработува, а нема ниту поголем притисок од ЕУ за да се промени ваквата ситуација. Тој потсети дека официјална Атина се противела на распоредувањето на полициската мисија Фронтекс на границата со Македонија, бидејќи тоа би можело да ја попречи во целта бегалците што поскоро да ја напуштат грчката територија.

Попоски соопшти дека довербата меѓу двете земји е на ниско ниво, а тоа се рефлектира и во справувањето со бегалската криза. Тој рече дека се подготвува за скорешната посета на Грција, на која се разговара за планираните мерки за градење доверба меѓу двете земји.

– Македонија има нормални билатерални односи речиси со сите земји на светот, а исто така и со Грција. Зошто ние меѓу нас не би можеле да имаме нормални односи? На средбата очекувам дека ќе разговараме за мерките за градење доверба. Нема одново да го откриваме тркалото, фокусот на разговорите е на подигнувањето на нивото на доверба меѓу нашите земји – изјави Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...