Попоски утре во официјална посета на Атина

-

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, утре пристигнува во Атина на официјална средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Ова е втора посета на Попоски на Атина, по неговото учество на неформалниот состанок на министри на ЕУ и државите-кандидати за време на грчкото претседателство во 2014 година, но прва официјална посета како министер за надворешни работи на Македонија.

На средбата се очекува да се разговара за голем број теми од билатерален интерес, како спорот за името, мерките за градење доверба кои беа договорени меѓу двете страни при посетата на Коѕиас во Скопје летово и околу кои двете страни се во постојан контакт и разговори, како и актуелната бегалска криза.

Двајцата министри, како што најави грчкото министерство за надворешни работи, ќе имаат прво тет-а-тет средба, а потоа ќе се одржат разговори во проширен состав со учество на претставници од двете министерства.

Посетата на Попоски доаѓа во период во кој се забележува блага раздвиженост од двете страни во насока на интензивирање на преговорите во обид да се најде решение за името и информации за потенцијални нови грчки предлози во преговорите, како и зголемена соработка, благодарение на договорот за имплементирање мерки за градење на довербата преку поголема комуникација и соработка на културно, економско, академско поле.

Под знак прашалник е колку и дали омекнале црвените линии од двете страни и дали е поголема подготвеноста за компромис. За потсетување, македонскиот министер за надворешни работи во интервју за „Катимерини“ истакна дека условите за решение се зрели, меѓутоа македонската страна има направено голем број отстапки, додека, пак, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос од Бугарија испрати порака дека Македонија треба да се откаже од замислата за фалсификување на грчката историја и да се придржува до европското право и принципи доколку сè уште посакува европска иднина.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, кој го придружуваше Павлопулос во Бугарија, во интервју за телевизијата „Скај“, ги истакна одново овие позиции. Аманатидис истакна дека Грција сака да се решат отворените прашања и да се најде решение за иредентизмот и за фалсификувањето на грчката историја.

– Сепак, можеме да разговараме и да имаме резултати за благи мерки за градење на довербата – додаде Аманатидис.

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по...