fbpx

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива во Скопје

-

Прв дипломатски форум на Централно-европската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје, во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ.

Како што соопшти македонското МНР, на форумот ќе се обрати министерот за надворешни работи, Никола Попоски, како и директорот на Дипломатската академија при МНР, Аделина Марку, и заменикот на генералниот секретар на Централната европска иницијатива, Ерик Черновиц.

На синоќешното свечено отворање се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој порача дека земјите од регионот и од Централна и од Источна Европа се соочуваат со бројни предизвици, а решенијата за справување со нив треба да се бараат во регионалната соработка и во регионалните иницијативи.

Младите, рече Иванов, треба да бидат будилник за таквите иницијативи, на кои треба да им дадат нова смисла, но и да ги отфрлат парадигмите на старите лидерства и да создадат подобри услови за живот во своите земји.

Фокусот на дипломатскиот форум на ЦЕИ во Скопје е ставен на можностите за регионалните иницијативи да се стават во функција на младите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...