fbpx
Таг: Никола Попоски

таг: Никола Попоски

Попоски на конференција за предизвиците на НАТО во Будимпешта

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на безбедносна конференција посветена на задачите и на предизвиците на НАТО во пресрет на самитот на Алијансата во Варшава, што ќе се одржи во Будимпешта, Република Унгарија. Во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Евроатлантскиот Регион во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава и...

Попоски: Мигрантската криза не може да се решава со ланската тактика

„Ние наскоро ќе сфатиме дека не може да функционира системот така како што функционирал минатата година, кога повеќе од 750.000 мигранти поминаа низ Македонија. Доколку го знаеме ова, мислам дека најдобро ќе биде да се соочиме со реалноста на терен. Ако ви кажам како изгледаат работите во последните 24 часа, на сите ќе ви стане многу јасно“, изјавил денеска министерот...

Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе и да се поддржи работата на СЈО

Европа го поддржува Договорот од Пржино и тој мора целосно да се спроведе, изјави денеска во Скопје шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски. - Вие подобро од мене знаете колку е важно да се има фер и кредибилни избори, прoчистен список и еднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и...

Попоски – Кундерс: Потребна е соработка и заедничко решение за кризата

Потребно е заедничко решение и координирање на напорите за решавање на бегалската криза, заклучија вчера во Скопје министрите за надворешни работи на Македонија и на Кралството Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс. Попоски рече дека во интерес на Македонија е да соработува со земјите од соседството, но и со сите што на билатерално или на европско ниво ѝ даваат поддршка на...

Шефот на холандската дипломатија Кундерс во посета на Македонија

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, денеска во Скопје ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Како што соопштија од МНР, главна тема на разговорите ќе биде справувањето со мигрантската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграциите на Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете...

Попоски апелира на поголема координација и комуникација меѓу земјите од бегалската рута

Земјите од балканската бегалска рута не треба да преземаат еднострани мерки, туку тие да се вршат во координација со другите земји, порачал шефот на македонската дипломатија на средбата со колегите од Западен Балкан и со американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд, на маргините на Минхенската безбедносна конференција. Попоски истакнал дека е значајно да се одржат добрите односи со соседите и...

Курц: Ако има потреба, ќе се отворат бегалски кампови во Македонија

Австрија во следните неколку недели или месеци ќе го достигне лимитот за прием на бегалци за годинава (37.500) и ќе ја затвори границата, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. - Австрија е една од земјите од тројката, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите...

Попоски – Заоралек: Македонија нема да биде претворена во бегалски камп

Македонија ќе ги исполни своите обврски во согласност со меѓународното право и ќе обезбеди сместување за сите основани баратели на азил во земјата, но нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по средбата со министерот за надворешни работи на Чешка, Лубомир Заоралек. - Ниту еден мигрант не е дојден во...

Во Косово ќе се патува само со лична карта

Договор за прекугранично движење на граѓаните на двете земји со биометриски лични карти, како и за отворање на граничниот премин Белановце - Станчиќ, денеска во Приштина потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово, Никола Попоски и Хашим Тачи. Двајцата министри оценија дека овие договори ќе бидат од корист на граѓаните и на бизнисите од двете земји, а...

Двојна жичена ограда, потоа контролни пунктови, па бегалски кампови?

Поставувањето дополнителна жичена ограда кај котата 59 на македонско-грчката граница, како заштита од илегални преминувања на мигрантите, очигледно е првата фаза од спроведувањето на договорот меѓу Македонија и европските земји за контрола на бегалската криза во пресрет на пролетниот бран, кој се очекува. Втората фаза, според најавите, ќе биде формирањето центри за регистрација. Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по неформалниот...

Попоски: ЕУ ќе го забави приливот на бегалци кон Северна Европа

Ветување од земјите од ЕУ за забавување на приливот на бегалци кон Северна Европа, добила Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи, кој викендов се одржуваше во Амстердам, тврди министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски. Според Попоски, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка ѝ понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање центри за регистрација, додавајќи дека...

Попоски во еднодневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, на покана на заменикот на претседателот на Владата и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. За време на посетата предвидено е потпишување на билатерална спогодба меѓу двете влади за условите за патување на државјаните на двете земји. Спогодбата предвидува преминување на државната граница со...

Попоски: Направивме сериозни напори во справување со мигрантската криза

Потврдено е дека контролата на македонско-грчката граница за заштита од бегалскиот наплив е веќе реалност, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на неформалниот совет за надворешни работи на Европската унија посветен на западно-балканската мигрантска рута, што се одржува во Амстердам. На состанокот присуствуваат и шефовите на дипломати на земјите-кандидати за членство во ЕУ на оваа рута:...

Попоски на неформален состанок на министри за надворешни работи на ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска и утре во Амстердам ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, на кој се поканети и земјите-кандидати за членство во ЕУ - Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција. Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот, предвидено е Попоски да има...

Попоски: Или ќе го решиме проблемот со контрола на границите, или тој ќе нè реши нас

Европа не е подготвена да има уште една година како 2015, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во своето обраќање на вториот неформален министерски состанок на ПСЈИЕ што се одржа денеска во Софија, на кој главна тема беше мигранцискиот предизвик со кој се соочува Европа. - Политичкиот притисок е сериозен и кај земјите на прием на мигранти, но и...

Попоски на состанок на ПСЈИЕ во Софија

Никола Попоски, министерот за надворешни работи, денеска во Софија ќе учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Од МНР информираат дека на состанокот предвидено е Попоски да има обраќање во кое ќе ги изнесе ставовите на Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, со посебен акцент на состојбата со...

Рот се сретна со Попоски, Груевски и со Заев

Државниот секретар на германското МНР, Михаел Рот, денеска се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Министерот Попоски на средбите истакнал дека внатрешните политички предизвици се надминуваат низ инклузивен процес, кој треба да се заокружи час поскоро и без одложување на претстојните парламентарни избори во април. Попоски...

Попоски: Дипломатите треба да се фокусираат на ЕУ, НАТО и на спорот за името

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска по протестот на Синдикатот на дипломатите реагираше дека со измените и со дополнувањата на законите од 2008 и од 2013 година се зајакнуваат критериумите за сите што сакаат да станат дипломати, така што зголемени се очекувањата за знаење и за стекнување нови вештини. Според Попоски, во министерството работат совесни дипломати, одлични професионалци кои си...

Попоски: Херметичкото затварање на границата со Грција е второ најлошо сценарио

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Волстрит џурнал“ вели дека херметичкото затворање на границата со Грција е второто најлошо сценарио за справување со мигрантската криза. Попоски вели дека најдобрата варијанта, сепак, е намалување на протекот на мигратите низ Турција и нивна поефикасна регистрација во Грција, заедно со враќањето на тие што не ги исполнуваат условите за азил. - Соработката...

Коѕиас: Треба да се продолжи политичкиот дијалог меѓу Атина и Скопје

Македонија и Грција треба да го продолжат политичкиот дијалог кој е отворен во последните месеци, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по вчерашната средба во Брисел со шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски. Коѕиас во изјава за грчките медиуми вчера истакна дека на средбата со Попоски немало некои нови моменти, но било договорено дека треба да се...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...