Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, денеска во Скопје ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Како што соопштија од МНР, главна тема на разговорите ќе биде справувањето со мигрантската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграциите на Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете држави.
По средбите, Кундерс ќе го посети и Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија, по што ќе замине за Атина, каде со грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе разговара за поефикасен надзор на надворешните граници на ЕУ и за подобрување на регистрацијата на бегалците.