fbpx

Коѕиас: Треба да се продолжи политичкиот дијалог меѓу Атина и Скопје

-

Македонија и Грција треба да го продолжат политичкиот дијалог кој е отворен во последните месеци, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по вчерашната средба во Брисел со шефот на македонската дипломатијата, Никола Попоски.

Коѕиас во изјава за грчките медиуми вчера истакна дека на средбата со Попоски немало некои нови моменти, но било договорено дека треба да се продолжи соработката за спроведување на мерките за градење доверба и да се продолжи дијалогот меѓу двете страни, кој долго време беше замрзнат.

– Имав куса средба со министерот за надворешни работи на ПЈРМ со кој разговаравме за нашите билатерални врски, кои треба добро, одново да се разгледаат. Нема нешто ново од оваа средба, но останува договорот дека треба да продолжиме со нашата соработка за мерките за градење доверба и политичкиот дијалог што го отворивме – изјави Коѕиас.

Средбата меѓу Попоски и Коѕиас беше втора во рок од еден месец, а е интересна за грчките медиуми бидејќи претходно не беше најавена и се случува во време на политички турбуленции во Македонија. Дел од грчките медиуми и понатаму ја пласираат тезата дека грчката дипломатија ги гледа техничката влада во Македонија и предвремените избори како можност да се најде решение за името.

Весникот „Прото тема“ пренесува дека иако периодот на избори во едната или другата држава обично значи замрзнување на разговорите за името, сепак во грчките дипломатски кругови на овие избори во Македонија се гледа како можност да се интензивираат преговорите за името за да се договори компромисно и заеднички прифатливо решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...