fbpx

Попоски: Дипломатите треба да се фокусираат на ЕУ, НАТО и на спорот за името

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска по протестот на Синдикатот на дипломатите реагираше дека со измените и со дополнувањата на законите од 2008 и од 2013 година се зајакнуваат критериумите за сите што сакаат да станат дипломати, така што зголемени се очекувањата за знаење и за стекнување нови вештини.

Според Попоски, во министерството работат совесни дипломати, одлични професионалци кои си го знаат занаетот и најдобро знаат како да ја претстават Македонија во светот.

„Во изминативе години, прво воведовме исполнување на многу високи стандарди на професионалност за сите што се вработени во МНР. Направено е на секое упатување на мандат да биде упатено лицето кое е најконкурентно за таа позиција и наметната е потреба за прилагодување кон современите потреби за занимавање со дипломатија од страна на сите“, рече Попоски.

Според него, фокусот на работата на сите дипломати треба да бидат предизвиците со кои се соочува Македонија последните години, како мигрантската криза, ЕУ и НАТО – интегративниот процес и спорот за името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...