fbpx

Попоски на конференција за предизвиците на НАТО во Будимпешта

-

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска ќе учествува на безбедносна конференција посветена на задачите и на предизвиците на НАТО во пресрет на самитот на Алијансата во Варшава, што ќе се одржи во Будимпешта, Република Унгарија.

Во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Евроатлантскиот Регион во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава и промовирање на интензивни дискусии за наоѓање на решенија за состојбите за кои сѐ уште не постои обединета позиција или недоволна соработка.

Во рамки на конференцијата, на панел-дискусија посветена на европската безбедносна перспектива пред самитот на НАТО во Полска, министерот Попоски ќе настапи заедно со Петер Сијарто, министер за надворешни работи и за трговија на Република Унгарија, Мирослав Лајчак, заменик премиер и министер за надворешни и за европски работи на Словачката Република, и Тед Вајтсајд, заменик генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...