fbpx
Таг: насилства

таг: насилства

Притвор од 30 дена за подметнувачот на импровизираната бомба во Собранието

Основното јавно обвинителство Скопје повело постапка за лицето кое оставило експлозивна направа во Собранието на Република Македонија на 27 април и побарало притвор од 30 дена, кој бил одобрен. Во вечерашното соопштение Обвинителството известува дека постапката е почната поради кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, кои се наведени од МВР...

Кривична пријава за лицето што поставило импровизирана бомба во Собранието

СВР Скопје поднел кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје, кого го сомничи за „неовластено изработување оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност“, односно за изработка на импровизирана бомба што ја внел во Собранието во насилствата на 27 април. Според полицискиот билтен, пријавениот околу 19 часот со толпата влегол во Собрание на Република Македонија, а околу 20.40 часот...

Почнува судењето на деветтемина обвинети за нападот во Собранието

Денеска во Основниот суд Скопје 1 почнува судењето против девет лица за кои Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за насилствата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службено дејство. На дел од обвинитетите судот им одреди мерки на претпазливост, а четворица од нив треба да бидат спроведени во судот од...

Зијадин Села ќе го продолжи лекувањето во странство

Лидерот на Движењето за реформи во ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, се очекува да отпатува надвор од земјава на дополнителни лекарски анализи, соопшти денеска секретарот на партијата, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил. Според Таравари, Села најверојатно ќе остане во странство одреден период, сè до неговото конечно закрепнување. Секретарот на партијата пишува дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но дека се потребни уште некои...

МВР поднесе кривични пријави против седум напаѓачи на Заев и на Села

Скопската полиција идентификувала и поднела кривични пријави против седум лица за нападот на лидерите на СДСМ и на Алијанса за Албанците, Зоран Заев и Зијадин Села, во прес-центарот на Собранието на Република Македонија на 27 април, соопшти денеска МВР. Како што информираат оттаму, кривични пријави се поднесени против Д.Т. (42), Н.П. (39), Б.Г. (43), тројцата од Скопје и против велешанецот...

Заев: Со кабинетот на Иванов го усогласуваме текстот со гаранциите за унитарноста

Кабинетите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, биле во постојан контакт околу усогласувањето на текстот на писмената гаранција за унитарноста на државата, која Иванов ја бара од новото парламентарно мнозинство. Ова денеска го соопшти лидерот на СДСМ, по излегувањето од Јавното обвинителство, каде даваше исказ како оштетен во насилствата во Собранието на...

Заев дојде во Обвинителството да даде исказ за насилствата во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, утрово дојде во Јавното обвинителство да даде исказ како оштетен во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, јавува „Телевизија 24“. Во Основното јавно обвинителство Скопје повикани се да дадат исказ и други пратеници што беа нападнати. Како што јавува „Телма“, во обвинителството во текот на денот искази треба да дадат уште шестмина пратеници...

Нухиу: Системот за снимање на командите во МВР не функционирал од 2014 година

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју во емисијата „Патот кон...“ на „Алсат М“,  открива дека во МВР , уште пред три години, не функционирал системот за снимање на командите. - Побарав да се направи увид и проценка дали се снимени сите команди што се издадени преку тетра-системот. Повикав експерт од Германија и тој процени дека два сервера не...

ОЈО: Не ја опструираме истрагата, од МВР нема пријави за потешки кривични дела

Јавното обвинителство во ниту еден момент не ја опструира истрагата и не ги попречува надлежните органи во документирањето на настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април, туку, напротив, во согласност со законот, дава наредби за нивно откривање и ќе постапи по сите кривични пријави со кои се документирани потешки кривични дела, се вели во реакцијата на Јавното обвинителство,...

Осигурителна компанија ќе ја покрие штетата од дивеењето во Собранието

Сообранието на Република Македонија, објектот и опремата се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета за време на насилствата од 27 април, соопштија денеска од одделението за односи со јавноста на Собранието. Оттаму информираат дека стручната служба на Собранието направила увид во материјалната штета и дека во тек е постапката за нејзина проценка. „По настаните од 27...

Тилерсон и Лавров утре во Вашингтон ќе разговараат за состојбите во Украина и во Сирија

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, утре во Вашингтон ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Како што соопшти денеска американскиот Стејт департмент, двајцата ќе разговараат за ситуацијата во Украина и во Сирија, како и за билатерални прашања помеѓу САД и Русија. Во врска со ситуацијата во Украина, Тилерсон и Лавров, стои во соопштението, ќе разговараат...

СДСМ се обврзува да овозможи професионалност и ефикасност на полицијата

„Да се биде дел од полицијата и од безбедносните служби е одговорност, но и чест, а за нив се потребни и совест и свест“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во честитката по повод Денот на полицијата, 7 мај. Во неа, меѓу другото, се вели дека СДСМ како партија што ќе ја предводи новата реформска влада се обврзува да создаде...

Ахмети – Жбогар: Сега на потег е Иванов, враќање назад нема

По изборот на претседател на Собранието, Ѓорге Иванов треба да го предаде мандатот на новото парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада. Ова денеска го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, одржана во седиштето на партијата во Тетово. Ахмети и Жбогар, како што се наведува во партиското...

МВР: Приведени уште три лица за насилствата, по осум сè уште се трага

Скопската полиција синоќа привела уште три лица осомничени за учество во насилствата во Собранието на Република Македонија, минатиот четврток, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, станува збор за лицата В.Н. (45), Д.П. (33) и В.Ц. (33), тројцата од Скопје. Тие се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствo и...

Халити: Состојбата на Села е добра и за неколку дена треба да биде пуштен дома

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, е во добра здравствена состојба и за неколку дена треба да биде пуштен на домашно лекување, изјави денеска Дестан Халити, лекар од ургентниот центар при Клиничката болница во Тетово. - Вчера се правени нови анализи, при што е утврдено дека неговата состојба е стабилна, на секој дел од телото каде што е повреден...

МВР ги идентификувало лицата што го отвориле главниот влез на Собранието

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје доставил три нови известувања за неколку лица во врска со истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија од минатиот четврток. Известувањата биле пратени откако по прегледот на видеоматеријалите од безбедносните камери на Собранието биле идентификувани лица кои учествувале во отстранувањето на блокадата на вратата од главниот влез на...

Груевски утре на суд за „Шамарите“, Заев в четврток за „Поткуп“, в петок – „Тврдина 2“

По пауза од еден и пол месец, утре и задутре на обвинителна клупа, еден по друг, повторно треба да седнат лидерите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во случаите што се водат против нив во Кривичниот суд во Скопје. Рочиштата против Груевски и Заев доаѓаат една недела по хаосот и насилствата во Собранието...

Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигнува во Скопје, каде во текот на денешниот и на утрешниот ден треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии и, како што велат од Амбасадата на САД, со „претседателот на Собранието Талат Џафери“. Од американската амбасада информираат дека Ји освен...

Сите неодговорени прашања од синоќешната драма пред и во Собранието

Утринава околу зградата на Собранието е мирно, а зградата ја обезбедуваат полицајци. Таму се собрани десетина граѓани и има поставено четири шатори. Сите вработени во Собранието се на работа. По вистинската драма остануваат многу неодговорени прашања за насилното влегување во зградата и за физичките напади врз пратеници и новинари: Кој ѝ ги отвори вратите на толпата?; Зошто полициски функционери (со еполети со три...

Амбасада на САД: Насилството не е начин за решавање на разликите

Амбaсадата на Соединетите Американски Држави вечерва го осуди насилството во Собранието, во кое беа повредени неколку пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Од амбасадата порачаа дека насилството не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин за решавање на разликите. „Најостро го осудуваме насилството во Собранието. Тоа не е во согласност со демократијата и е неприфатлив начин...

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...