fbpx

Зијадин Села ќе го продолжи лекувањето во странство

-

Лидерот на Движењето за реформи во ДПА (ДР-ДПА), Зијадин Села, се очекува да отпатува надвор од земјава на дополнителни лекарски анализи, соопшти денеска секретарот на партијата, Арбен Таравари, на својот фејсбук-профил.

Според Таравари, Села најверојатно ќе остане во странство одреден период, сè до неговото конечно закрепнување.

Секретарот на партијата пишува дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но дека се потребни уште некои дополнителни анализи околу неговата здравствена состојба и лекување, до негово целосно закрепнување и враќање на политичките активности.

Зијадин Села, кој е дел од пратеничката група на Алијанса за Албанците, беше најтешко повреден во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...