fbpx
Таг: насилства

таг: насилства

Уште двајца притворени за насилствата од 27 април

Судија на претходна постапка им одредил притвор уште на две лица, М.М и С.М., осомничени за насилствата во Собранието од 27 април годинава, кои вчера биле спроведени на распит во Кривичниот суд во Скопје. Осомничените против овие одлуки имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, во рок од 24 часа по приемот на решенијата. Со ова,...

Спасовски: Другите 12 осомничени за 27 април најверојатно се во државата

Дванаесетмина од 36-те осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, кои сè уште не се приведени, најверојатно се во земјава и полицијата трага по нив, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во Македонија, за контрола на лесното оружје и муниција. - Издадени се наредби за...

Притворот на Југ продолжен за нови 30 дена, ОЈО го гони и за тероризам

Кривичниот суд во Скопје му го продолжи притворот за нови 30 дена на Игор Југ, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април оваа година, пренесуваат медиумите. Основното јавно обвинителство во меѓувреме ја проширило истрагата за Југ, кој сега освен за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, се товари и дека бил водач на толпата која упадна во законодавниот...

Лазаров: Вината ја признав доброволно, без никој да ми врши притисок

Томислав Лазаров, во постапката што беше одвоена откако тој ја призна вината за неговото учество во насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, пред Судот рече дека вината ја признал доброволно и свесно и без некој да му врши притисок, било од полицијата било од СЈО или некој друг. Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, во завршните зборови рече дека е...

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија за насилниците од 27 април

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара „итно и неодложно“ ослободување и амнестија на сите лица што „извршиле одредени законски прекршувања во инцидентите во Собранието на Република Македонија од 27 април“. Според ВМРО-ДПМНЕ, овој чин ќе придонесе за помирување во Македонија и за релаксирање на политичките тензии. Ваков заклучок, како што информираат од партијата, бил донесен на последната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој бил...

30 дена притвор за четворица од уапсените за обидот за убиство на Зијадин Села

На барање на Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка им одредил притвор од 30 дена на четворица од петтемина уапсени за обидот за убиство на пратеникот и лидер на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава, соопштија од Обвинителството. Обвинителството, како што информираат оттаму, побарало притвор и за петтиот осомничен,...

Брза и масовна била помошта од граѓаните за идентификување на тројцата насилници од 27 април

Брза и масовна била реакцијата на граѓаните што помогнале во идентификувањето и во пронаоѓањето на трите лица осомничени за учество во насилствата во Собранието, од 27 април, за кои МВР, по налог на Основното јавно обвинителство Скопје, вчера објави фотографии на својата интернет-страница и побара помош од граѓаните, дознава „Мета“ од извори во истрагата. Неофицијално, голем број граѓани експресно реагирале по објавувањето...

МВР бара помош од граѓаните за пронаоѓање на тројца насилници од 27 април

Министерството за внатрешни работи, по претходно одобрение на јавен обвинител, на својата интернет-страница јавно објави фотографии од три лица кои се бараат во врска со насилствата во Собранието од 27 април годинава. Од МВР наведуваат дека станува збор за лица кои се важни за постапката. „Ги повикуваме сите граѓани што имаат какви било сознанија за лицата, за тоа веднаш да ја известат...

Напаѓачот на Шекеринска осуден на четири години затвор

Панче Ангелов, кој ја нападна Радмила Шекеринска, тогаш пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на насилствата во Собранието на 27 април годинава, денеска од Кривичниот суд во Скопје е осуден на затворска казна од четири години. Инаку, за кривично дело насилство предвидена е казна затвор од три до 10 години. Ангелов на рочиштето, минатата недела, ја призна вината и...

Судот му одреди уште 30 дена притвор на Игор Југ

Кривичниот суд му одреди 30 дена притвор на Игор Југ, за учеството во насилствата во Собранието од 27 април оваа година, соопштија од судот. На Југ вчера му истече осумдневниот притвор што првично му беше одреден, а Основното јавно обвинителство Скопје веднаш побара продолжување на мерката. Тој, како што пренесуваат дел од медиумите, по одлуката на судот е вратен во...

ОЈО Скопје бара продолжување на притворот на Игор Југ за насилствата од 27 април

Основното јавно обвинителство Скопје вчера побарало од Кривичниот суд да му ја продолжи мерката притвор на Игор Југ, што му беше одредена поради учеството во насилствата во Собранието од 27 април оваа година. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителството, надлежниот обвинител побарал на Југ да му биде одреден притвор по сите три основи, односно поради опасност од бегство, попречување на...

Уапсен Игор Југ, еден од учесниците во насилствата од 27 април

Игор Југ, еден од учесниците во насилствата во Собранието од 27 април годинава, утрово е уапсен во стан во Куманово, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму информираат дека 47-годишниот Југ е уапсен по претходна наредба од Основното јавно обвинителство Скопје од 16 мај оваа година. „На 21 септември 2017 година, од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни...

Пратениците побарале информации од УБК и од АР за 27 април и за случајот со Србија

Членовите на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разунавање (АР) од редовите на СДСМ на денешната седница побарале информации од двете служби за насилствата од Собранието од 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија. Пратенциите побарале информации за улогата на институциите во насилствата во Собранието, додека за случајот...

Твитот на Обама против насилствата влезе во историјата

Твитот на поранешниот американски претседател Барак Обама по повод насилствата во Шарлотвил стана најпопуларниот во историјата на „Твитер“. Твитот на Обама, во кој го цитира Нелсон Мандела, лајкуван е три милиони пати откако е објавен на 12 август, после насилствата во Шарлотвил во Вирџинија. - Никој не се раѓа со омраза кон другите поради бојата на нивната кожа, потеклото или вера......

Еден загинат и 19 повредени во насилствата на протестот на ултрадесничарите во Вирџинија

Најмалку едно лице загинало, а 19 се повредени во насилствата меѓу белите националисти и контра-демонстрантите што се случија синоќа во градот Шарлотсвил, во американската сојузна држава Вирџинија, јавуваат светските медиуми. Од засега непознати причини вечера се урнал и хеликоптер на полицијата во Вирџинија, ангажиран за надгледување на судирите, при што загинале двајца полицајци. Загината жена и повредените лица настрадале во моментот...

Детали и куриозитети од извештајот за пропустите на МВР од 27 април

Извештајот на работната група на Министерството за внатрешни работи детектира серија сериозни пропусти на оперативниот штаб и на полицијата при најзината (не)интервенција за време на насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, кога беа нападнати и повредени пратеници, новинари и граѓани во законодавниот дом. Работната група на МВР, меѓу другото, констатирала: Штабот на Чавков бил целосно во аут Оперативниот штаб...

Спасовски: Извештајот за пропустите на МВР на 27 април е готов, на ред е Обвинителството

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција соопшти дека извештајот на работната група на МВР за насилствата од 27 април во Собранието на Република Македонија е готов и дека во него се утврдени правните пропусти и системските недоследности во Министерството. Спасовски истакна дека МВР како државен орган „падна на испитот“ на 27 април, поради партизираноста на раководните структури. -...

Нова кривична пријава против деветмина учесници во насилствата во Собранието

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел нова кривична пријава против девет лица од Скопје, Кочани и од Кичево, осомничени за учество во насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април оваа година, соопшти денеска МВР. Осомничените се товарат за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, напад врз службено лице при вршење работи на...

СДСМ: Целата јавност слушаше како Груевски се пресметуваше со неистомислениците

Несериозно е Никола Груевски, човекот кој целата јавност го слушаше како нарачува насилство и одмазнички се пресметува со неистомислениците, сега да зборува за поттикнување насилства, реагираат од СДСМ на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во кое тој ги обвини дека со нивното дејствување и однесување го поттикнале вчерашниот напад врз поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. „СДСМ остро го осудува...

ОЈО „призна“ дека упадот во Собранието не е дело на толпа туку на злосторничко здружение

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека во истрагата за насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април се вклучува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, бидејќи по разгледувањето на доказниот материјал било утвредено дека „постои содејство на неколку осомничени во целокупните збиднувања во објектот на Собранието во надворешниот појас и во внатрешноста на објектот во...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...