fbpx

Кривична пријава за лицето што поставило импровизирана бомба во Собранието

-

СВР Скопје поднел кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје, кого го сомничи за „неовластено изработување оружје или распрскувачки материи и за предизвикување општа опасност“, односно за изработка на импровизирана бомба што ја внел во Собранието во насилствата на 27 април.

Според полицискиот билтен, пријавениот околу 19 часот со толпата влегол во Собрание на Република Македонија, а околу 20.40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат од Собранието, по што сам влегол во две канцеларии кои се меѓусебно поврзани. Притоа под работно биро поставил импровизирана експлозивна направа која се состои од петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп трака, како и уште едно парче петарда и си заминал.

Направата не експлодирала, а била откриена на 2 мај околу 8.25 часот, кога вработените во канцелариите пристигнале на работните места и почнале да го средуваат нередот во истите, при што еден од вработените ги забележал петардата и импровизираната експлозивна направа на подот, по што со колега ги оставиле до корпите за смет во ходникот.

Импровизираната бомба истиот ден околу 17 часот ја забележал вработен во обезбедување на Собранието, по што пријавил в полиција.

СВР Скопје извести и дека до Основното јавно обвинителство Скопје доставил и две известувања, од кои едното се однесува за превземени активности по наредбата за идентификување на вкупно седум пратеници, а другото за досегашни преземени мерки и дејствија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...