Ахмети – Жбогар: Сега на потег е Иванов, враќање назад нема

-

По изборот на претседател на Собранието, Ѓорге Иванов треба да го предаде мандатот на новото парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада. Ова денеска го истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, одржана во седиштето на партијата во Тетово.

Ахмети и Жбогар, како што се наведува во партиското соопштение за средбата, раговарале за ситуацијата во земјава по насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април, како и за идните чекори.

„Ахмети повторно ги осуди актите на насилство во Собранието, со што ги повтори ставовите на ДУИ дека враќање назад нема. По изборот на претседателот на Собранието, Иванов треба да го предаде мандатот на новото реформско парламентарно мнозинство и потоа да се формира новата влада“, стои во соопштението за средбата.

Ахмети, додаваат од партијата, му се заблагодарил на евроамбасадорот Жбогар за „големата меѓународна поддршка“ и истакнал дека „политичките лидери во Македонија треба да се грижат за безбедноста и за стабилноста на земјата наспорти регионалните и геополитичките напори за дестабилизација“.

Приведен охриѓанец кој со остар предмет повредил три лица

Приведен е охриѓанец поради сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачки или караница“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Вчеравечер после полноќ, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со...