Таг: награда
таг: награда
Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2023 година
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на година“. Право на учество на конкурсот кој ќе трае од денеска па до 15 јануари догодина, имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2023 година.
Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка...
До утре тече пријавувањето на Конкурсот за доделување на наградата „Мето Јовановски“
Пријавувањето за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ трае до утрешниот ден. Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата „Мето Јовановски“ се доделува секоја година на 10 декември, на Меѓународниот ден на човековите права, а во рамките на овој конкурс може да се доделат...
„Кајмак“ на Милчо Манчевски освои награда на фестивал во Тирана, четврта за еден месец
„Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана. Тоа е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА во Херцег Нови, а Манчевски доби Специјална награда на i-fest во Калабрија, Италија.
Во октомври следува премиерата на...
Под мотото „Прекрасното непознато“почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание.
Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура - Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција. Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник...
Националниот демократски институт ја прослави својата 40-годишнина
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, Националниот демократски институт (НДИ) ја прослави својата 40-годишнина и организираше дискусија за демократијата со демократските партнери во граѓанското општество, националните и локалните власти, политичките партии, медиумите и меѓународната заедница.
НДИ ги препозна достигнувањата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и меѓупартиската парламентарна група за правата на Ромите во...
Филмот „Домаќинство за почетници“ ја доби 17. Queer Lion награда на фестивалот во Венеција
Филмот „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски ја доби 17. Queer Lion награда во рамките на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција.
Филмот во продукција на Лист Продукција – Скопје е награден во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер.
„Queer Lion со...
Стефан Костоски добитник на наградата Енхалон
Песната „Денување“ на македонскиот автор Стефан Костоски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.
Жири-комисијата во состав Стефан Марковски (претседател), Снежана Стојчевска и Виолета Танчева-Златева (членови), во своето образложение велат дека станува збор за песна со цврста структура.
Наградената песна се издвои по уникатниот творечки пристап, кој...
„План 75“ на Чие Хајакава освои „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал
Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотека на Северна Македонија беше затворено годинешното, 13-то издание на Филозофскиот филмски фестивал.
Наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм ја доби јапонскиот филм „План 75“ (2022) во режија на Чие Хајакава.
Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката.
„’План 75’ исполнува три...
Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево
Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија.
Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт групата АКТ, во соработка со...
Се избира „Највело општина“ во Скопје и околината
„Највело општина во Скопскиот плански регион“ е новата награда што ја воведуваат Здружението на граѓани „Центар за одржливи иницијативи“ во соработка со групата ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје – „НаТочак“.
Од таму ги повикуваат граѓаните кои користат велосипед како превозно средство или, пак, рекреативно, во главниот град и околината, да се вклучат во изборот за „Највело општина“ за 2023...
Отворен е конкурсот за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик
Отворен е конкурсот за Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, воспоставена за вреднување на преведувачката продукција во земјава, а со цел да се истакне вредноста и важноста на преведувањето.
На конкурсот можат да учествуваат автори на книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2022 година и 30 јуни 2023 година, а наградата се доделува за превод на дела...
Александра Данева ја доби Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка
Александра Данева ја освои првата награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството што ја доделува Народната банка. Данева ја доби наградата за трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“.
Таа се има стекнато со Меѓународна диплома за економија и бизнис на Универзитетот Еразмус во Ротердам, Холандија,...
Десет романи во трка за наградата „Роман на годината“
Вкупно десет романи останаа во конкуренција за престижната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Од Фондацијата информираа дека на годинашниот конкурс пристигнале дури 35 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот е стеснет на десет.
Втората селекција на жирито ја поминаа романите: „Водни тела“ на Ана...
Деветнаесет романи во селекција за наградата „Роман на годината“
Од пристигнатите вкупно 35 романи, жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ја направи првата селекција во која се одбрани 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.
Жири-комисијата во состав Симона Јовановска, Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева, констатира дека...
Средношколка од Скопје освои прва награда на глобалниот натпревар на ФАО по повод Светскиот ден на храната
Светскиот ден на храната ја инспирираше Михаела Стојменовиќ, 17-годишна ученичка од Скопје, да ја прикаже важноста на работата на малите земјоделци кои се грижат нашите земјоделски системи да ни обезбедат разновидна храна.
Михаела ја освои првата награда на глобалниот натпревар на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) на Обединетите нации (ОН) по повод Светскиот ден на храната 2022 година, во...
Не е сеедно кој ја дава наградата
Некритичкиот однос на индивидуи, институции и невладини организации кон доделувањето разни награди поврзани со Руската Федерација, на што се надодава и посебно неаналитичкиот, па дури и дезинформациски пристап на медиумите при споделувањето на информациите за истите, може да има долготрајни и многу сериозни последици врз перцепцијата на граѓаните на руската агресија врз Украина, меѓутоа и многу погенерално, на вредносните...
Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при во Никшиќ
Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при наградата за најдобра машка улога на 18-тиот Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора. Ристановски ја доби наградата за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ).
Оваа награда на Ристановски му ја додели жирито во...
Распишан натпревар за ученици на тема „Мојата дигитална иднина“
Гете-институтот распиша натпревар за млади на возраст од 13 до 18 години, на тема „Мојата дигитална иднина“.
Во творбите, младите што ќе учествуваат треба да ја претстават својата замисла како ќе изгледа нивната иднина, односно времето во 2050 година. Може да се избере една од следниве области: Образование, вмрежување, мобилност, професии на иднината, соживот, култура...
Творбата на темата може да биде...
Нобеловката Светлана Алексиевич ја доби наградата Букстар за 2022
Нобеловката Светлана Алексиевич е годинешниот добитник на наградата за европска литература „BookStar“ за книгата „Војната нема женско лице“.
Годинешното осмо издание на фестивалот на европска литература „BookStar“ ќе се одржи од 3 до 5 октомври на неколку локации низ Скопје. Организаторите информираат дека во рамки на програмата, на 5 октомври во киното „Фросина“ Алексиевич ќе се јави на видео разговор.
„Војната...
Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата
Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова од Австралија ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски- Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска.
Книгата „Гравитација“ е во издание на Агенцијата...