Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при во Никшиќ

Фото: НУ Македонски народен театар

Најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар, Никола Ристановски е добитник на гран при наградата за најдобра машка улога на 18-тиот Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора. Ристановски ја доби наградата за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател” во режија на Нина Николиќ, соопшти Македонскиот народен театар (МНТ).

Оваа награда на Ристановски му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.

Од МНТ велат дека ова е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински”, Прилеп и на фестивалот „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР”, Србија. Истовремено е и уште една театарска награда во низата награди кои Ристановски ги добива.