Распишан натпревар за ученици на тема „Мојата дигитална иднина“

Гете-институтот распиша натпревар за млади на возраст од 13 до 18 години, на тема „Мојата дигитална иднина“.

Во творбите, младите што ќе учествуваат треба да ја претстават својата замисла како ќе изгледа нивната иднина, односно времето во 2050 година. Може да се избере една од следниве области: Образование, вмрежување, мобилност, професии на иднината, соживот, култура…

Творбата на темата може да биде подкаст, видео, постер, ѕиден весник, слајд-презентација, колаж, стрип, фото-сторија или перформанс.

Идејата може да се образложи на германски, македонски, англиски или албански јазик.

Сите заинтересирани млади треба да го испратат својот прилог најдоцна до 10.11.2022 на [email protected].

Главната награда е дрон„ DJI Mini 2“ во вредност од приближно 500 евра. Втората награда е Garmin GPS-спортски часовник GARMIN Venu Sq 2 music slate во вредност од приближно 300 евра. Третата награда е слушалки JBL Stereo LIVE 460NC Bluetooth во вредност од приближно 130 евра.