Таг: награда
таг: награда
Добитникот на „Златна камера 300“ на „Браќа Манаки“ , Ентони Дод Ментл со порака до младите: Најважниот објектив е тој во главата
„На сите млади луѓе кои посакуваат еден ден да стојат овде на ова место, без разлика дали се занимаваат со фотографија или со кинематографија, би им рекол дека најважниот објектив е оној во главата, а најважното нешто што треба да го кажат треба да дојде од срцето, сето друго е академско. Она што вие автентично го имате е во...
„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ на Браќа Манаки постхумно ќе биде доделена на Горјан Тозија
Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, која се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија во рамките на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, оваа година ќе биде постхумно доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија.
„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ е награда на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
Од организацијата на фестивалот велат дека во богатата професионална биографија...
Трансдисциплинарниот проект „Дизајн на оживување“ доби награда за истражување и ликовна критика
Трансдисциплинарна дизајнерка Клелија Живковиќ со проектот „Дизајн на оживување“ е добитничка на наградата за истражување и ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ за 2022 година што ја доделува здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“.
Како што вели дизајнерката, истражувањето е дел од проектот „Creature Comforts“ (Суштински удобства), односно од нејзината неколкугодишна љубопитност за тоа како дизајнерските пракси го обликуваат човештвото како вид....
„Нема да биде крај на светот“ доби награда за најдобра претстава на фествал во БиХ
Претставата „Нема да биде крај на светот“ е прогласена за најдобра претстава од страна на новинарското жири на фестивалот „БиХ драма Зеница“ во Босна и Херцеговина. Копродукцискиот проект помеѓу Македонскиот народен театар (МНТ) и Сараевски ратни театар (САРТР) е на авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.
„Претставата „Нема да биде крај на светот“ е една од трите...
Woman in Tech Macedonia со награда за најголем импакт во едукација на глобалниот самит во Париз
Women in Tech Macedonia ја доби наградата за локална организација којашто имала најголем импакт во едукација, на глобалниот самит во Париз. Едукацијата е една од петте цели за одржлив развој за која беа доделени награди.
Наградата беше доделена на амбасадорката на глобалната иницијатива за Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска. Таа рече дека верува оти сите нивни активности носат промена...
Димитар Фуна ја доби наградата за најдобар млад истражувач на Народната банка
Добитник на Годишната награда на Народната банка (НБРСМ), која се доделува на млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството е младиот истражувач Димитар Фуна, соопштија од НБРСМ.
Фуна дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во 2020 година, додека минатата година се стекнал со звањето магистер по финансии и сметководство...
Доделени три награди за „најГЛАСни“ ученички заедници од средните училиште во Македонија
Последните три дена од месец март за прв пат се одржа настан на кој ученички заедници составени од тројца ученици и еден наставник - ментор од средните училишта СУГСГ „Орце Николов„ - Скопје, СОУ „Коста Сусинов“ - Радовиш и ОСУ „Св.Климент Охридски„ - Охрид се здобија со наградите „најГЛАСни“ за своите училишни иницијативи.
За време на тридневниот настан кој се...
Отворен повикот за наградата „ДЕНЕС“ – престој во Њујорк наменет за визуелни уметници
Факултетот за работи што не се учат - ФРУ, Скопје и Центарот за современи уметности - Скопје по шеснаесетти пат го отвараат конкурсот за наградата „ДЕНЕС“ за млад визуелен уметник во Северна Македонија.
„Оваа значајна и независна награда, која се доделува по шеснаесетти пат во земјава,
подразбира двомесечна програма за престој на уметници во Њујорк во Residency Unlimited во 2022 година...
„Денот на црвот“ од Симона Јовановска ја доби наградата „Роман на годината“
Делото „Денот на црвот“, кое е прв роман на авторката Симона Јовановска, ја доби наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едиција на „ПроАза“.
Како што соопштија од Фондацијата „Славко Јаневски“, официјалното врачување на наградата е планирано за септември, а победничкиот роман за првпат...
ИКС ги објави своите номинации за македонски кандидати за наградата „Earthshot Prize“
Оваа година за глобалната награда за животна средина „The Earthshot Prize“, Институтот за комуникациски студии (ИКС) за македонски претставници со креативни решенија ги номинираше Горјан Јовановски со апликацијата AirCare, иницијативата „Ретвитни оброк“ и Програмата за закрепнување на Балканскиот рис што ја спроведува Македонското еколошко друштво.
Станува збор за најпрестижна награда на светско ниво што се доделува во оваа област. „Earthshot“...
Друштвото на писателите на Македонија ги додели книжевните награди за 2021 година
Друштвото на писателите на Македонија ги додели традиционалните книжевни награди за најдобри поетски и прозни остварувања во 2021 година.
Во конкуренција за книжевните награди беа значајни македонски писатели, но при изборот стручното жири мораше да селектира четири најдобри романи и поетски книги.
За најдобра книга за деца и млади со наградата „Ванчо Николески“ беше избран романот „Имаш пчела на носот: роман...
Сојузот на средношколци и здружението ЛЕАД со награда за средношколско учество „најГЛАСни“
Сојузот на средношколци, заедно со здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) со поддршка на фондациајта „Конрад Аденауер“, воведуваат награда за средношколско учество, како признание за активноста и работата на овие ученички тела во насока на унапредување на положбата на учениците во своите училишта и вклучување во училишните процеси.
Заинтересираните учесници треба да ја раскажат приказната за нивната средношколска...
„Види ја ти неа“ и „Награда“ – филмови инспирирани од празникот Водици
Денешниот христијански празник Богојавление - Водици го негува традиционалниот обичај што го бележи положувањето на Светиот крст за осветување на водите во сите градови и помали населени места во Македонија.
Обичајот кој прерасна во една од најголемите верски манифестации во земјава инспирираше двајца македонски режисери да претстават свои филмски остварувања поврзани со настаните што секоја година се проследени на 19...
Пендаровски се сретна со Лара Станчева, која освои трета награда на литературен натпревар во Токио
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лара Станчева, ученичка во седмо одделение во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, добитничка на трета награда на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.
На реномираниот натпревар во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, што се одржа во рамките на одбележувањето на „Деценијата на...
Четири стрипа наградени на четвртото доделување на наградата за необјавени стрипови – Лифт
Издавачката куќа Темплум во 2021 година го распиша четвртиот конкурс за доделување на наградата Лифт #4 за најдобар необјавен македонски стрип.
Во избор на тричлена жири комисија која беше составена од Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски во просториите на КСП Центар - Јадро, како победници за минатата година беа избрани 4 стрипови при што беа доделени три награди.
Првото...
„Северен пол“ избран за најдобар интернационален филм на фестивал во Колумбија
Краткиот македонски филм на режизерката Марија Апчевска - Петровска доби уште една меѓународно признание, овој пат наградата „Санта Луција“ како победник во категоријата најдобар интернационален краток филм на колумбискиот „Фестивал за кратки филмови Богота“ (Bogota Short Film Festival), јавува продукциската куќа „Кино Око“, во чија продукција е „Северен пол“.
https://www.youtube.com/watch?v=7rkYYtDKdyI
Претходно филмот беше номиниран во категоријата за освојување на „Златната палма“...
Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ 2021
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој започнува денес, 15 декември и ќе трае до 15 јануари 2022 година.
Право на учество има секој автор чиј роман бил за првпат објавен на македонски јазик во 2021 година. За учествување сите кандидатите се обврзани да достават по пет...
Наградата „Јасмин“ за Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски
Тошо Филиповски, Томислав Кежаровски, Аделина Марку и Марјанчо Николовски се годинашните добитници на државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, информираат од Министерството за култура.
Наградата за 2021 година за остварувања во областа на публицистиката ја добија Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски, додека во областа на новинарството Аделина Марку и Марјанчо Николовски.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година...
Отворен Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“
Шестото издание на „Киненова“ беше свечено отворено синоќа во киното „Милениум“ со доделување на наградите за oсобен придонес во филмската уметност и проекција на филмот „Бановиќ Страхиња“ во режија на Стефан Арсенијевиќ, кој го прогласи фестивалот за отворен.
„Киненова“ и во оваа шеста фестивалска едиција ги промовира вредностите на раните први и втори филмски остварувања на режисерите и сценаристите. За...
Четврти конкурс за годишната стрип награда „Лифт“
Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2021, по четврти пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција.Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно.
Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе ни испратат сопствени...