Woman in Tech Macedonia со награда за најголем импакт во едукација на глобалниот самит во Париз

фото: Women in Tech Macedonia

Women in Tech Macedonia ја доби наградата за локална организација којашто имала најголем импакт во едукација, на глобалниот самит во Париз. Едукацијата е една од петте цели за одржлив развој за која беа доделени награди.

Наградата беше доделена на амбасадорката на глобалната иницијатива за Women in Tech Macedonia, Моника Ризовска. Таа рече дека верува оти сите нивни активности носат промена во развивање и исполнување на целите за одржлив развој, а наградата за една од категориите ги мотивира да продолжат напред.

„Горда сум на сите настани, работилници и конференции кои сме ги организирале досега и ќе продолжиме да го правиме тоа и понатаму со уште поголемо темпо. Нашата цел е да ја доближиме технологијата преку едукација до сите, во најразлични теми од технолопкиот свет“, истакна Ризовска.