fbpx
Таг: марш

таг: марш

Ибраимовски: Власта нема бел образ, а не Ромите

„Сакаме слобода“, „И јас сум Ром“, Доста е дискриминација“, „Правда за Ромите“, „Оставка за Јанкулоска“... Со овие извици Ромите од цела Македонија го почнаа маршот против дискриминацијата, што, како што велат, врз нив ја врши власта. Протестот почна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси, за кои, според Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР, биле преполовени поради притисоци од власта. Крајната дестинација...

Средношколци маршираа против екстерното тестирање

Средношколци од неколку училишта од Скопје, преку марш побараа да се запре екстерно тестирање и математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. „Средношколски пленум“ маршот го почна во Градски парк, а со извиците „Не за математика“, „Преку матурата“ и „Ние сме иднината“ средношколците се упатија кон Министерството за образование и наука, каде го завршија протестот. - Нашето присуство овде...

Протестен марш низ улиците на Москва во чест на Немцов

Низ улиците на Москва денеска ќе се организира протстен марш посветен на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Маршот ќе се одржи наместо планираниот голем протест на опозицијата против војната во Украина. Предвидено е протстот да почне во 14 часот, а по еден час ќе почне и маршот низ московските улици. Руските власти синоќа издадоа одобрение за собирот и дозволија присуство...

Тројца загинати и десетмина повредени во експлозија во Харков

Три лица загинале, а десетина биле повредени во експлозија што денеска се случила во украинскиот град Харков, за време на маршот посветен на годишнината од симнувањето од власт на поранешниот претседател Виктор Јанукович, јавуваат украинските медиуми. Експлозијата се случила во близина на Халата на спортовите во Харков, каде почнало одбележувањето на годишнината, по што, за кратко време, на местото пристигнале повеќе...

Протест против загадувањето на Скопје

Стотина главно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината „Гоу грин“, пишува „Радио Слободна Европа“. Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „Биди зелен“, „Кој е крив што градот ни е сив“ и „Сакаме чист воздух“. Тие велат дека Скопје е...

Кои присуствуваа, а кои лидери го игнорираа маршот во Париз?

Претседателот на САД, Барак Обама, не присуствуваше на маршот  во Париз, кој се одржа вчера како протест против убиството на новинарите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Не присутвуваше ниту државниот секретар Џон Кери, кој, пак, заедно со македонскиот премиер Никола Груевски, беше гостин на самитот на претприемништвото „Вибрант Гуџерат“ во Индија. Американските медиуми посочуваат дека запрепастувачки било тоа што нивни претставник...

Светот се обедини на маршот во Париз

Милион и половина луѓе се собраа на централните градски улици во Париз за да се приклучат на маршот на солидарноста. Протестната прошетка, наречена „Плачам за слобода“, се одржува во чест на жртвите на неодамнешните терористички напади во Париз, кои почнаа во средата, со масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. Во нападите загинаа 17 лица, новинари, карикатуристи, полицајци и заложници, кои радикалните...

Македонските новинари со моливи в рака се приклучија на маршот на солидарноста

Со моливи в рака, македонски новинари денеска се собраа во Паркот на новинарите за да им оддадат почит на загинатите колеги во масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“. На македонскиот марш на солидарноста присуствуваше и француската амбасадорка Лоренс Оер. - Денеска сме тука затоа што добивме покана од колегите од Франција да присуствуваме таму на маршот, но сметаме дека и...

Новинари на „Шарли ебдо“ со критики кон присутните на денешниот марш

Во неколку интервјуа за медиуми дадени деновиве, тројца истакнати карикатуристи на „Шарли ебдо“, кои го преживеаја терористичкиот напад врз неделникот во кој погинаа 12 лица, се дистанцираат од денешниот Марш на солидарноста во Париз. На овој марш за слобода на изразување учествуваат голем број контроверзни политичари кои во своите земји се познати по репресија врз новинарите и врз слободните медиуми, како...

Македонија ќе одржи марш во чест на жртвите од „Шарли ебдо“

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници денеска организира марш во чест на жртвите на терористичките напади во Париз, што почнаа со масакрот на 12 лица во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. Маршот е инициран од апелот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, во кој...

Светските лидери ќе учествуваат на Маршот на солидарноста во Париз

Повеќе од 40 шефови на држави, влади и нивни високи претставници денеска ќе му се придружат на францускиот претседател Франсоа Оланд на маршот во Париз, кој се организира во чест на 17 жртви на терористичките напади што почнаа со масакрот во сатиричниот весник „Шарли ебдо“. На поканата на францускиот претседател Франсоа Оланд за учество во големиот антитерористички протестен марш, одговорија највисоките претставници...

Европските лидери в недела ќе маршираат во Париз

Републикански марш е закажан за недела во Париз, за поддршка на слободата на изразувањето и против терористичките акти кои деновиве ја шокираа Франција. Официјално присуство најавија повеќе европски државници, како шпанскиот премиер Мариано Рахој, италијанскиот премиер Матео Рензи и британскиот премиер Дејвид Камерон.  

Сексуалните работници ќе маршираат утре во 12 часот

Сексуалнте работници во Македонија, Меѓународниот ден за запирање на наслиството врз секусланите работници ќе го одбележат со марш, информираат од Граѓанската иницијатива за застапување и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-стар“. Како и минатата година, и оваа ќе маршираат стриптизерки, хотлајн-операторки,  девојки и момци за придружба, активисти за човекови права и нивни поддржувачи. - По повод Меѓународниот ден за запирање на...

Адеми: Сè уште нема конкретен предлог за државен испит

Министерот за образование Абдилаќим Адеми, по денешната посета на тетовското основно училиште „Миѓени“, уште еднаш го повтори истиот став дека сè уште нема конкретен предлог за државниот испит, пренесе „Радио Слободна Европа“. - И претходно кажавме, кога ќе излеземе со конкретен предлог, ќе ги повикаме сите да се вклучат во дебата и во тој период да дадат нивни размислувања, сè со...

(ВИДЕО) Студентите маршираа со пароли и со свирежи (Обновено)

„Автономија, автономија“ ,Ние не сме клиенти, ние сме студенти“, „Заокружете нè“ се паролите што ги извикуваат студентите на студентскиот марш. Тие се упатуваат кон Собранието на Република Македонија, извести репортерот на новинската агенција „Мета“. Како што јави нашиот репортер, студентите масовно се приклучуваат на протестот, а за сè да помине во најдобар ред, имаат задолжено и редари. Се забележува и зголемено присуство...

„Студентски пленум“: Колку повеќе нè има, толку е потешко да нè заокружат!

„На 10 декември, кој воедно е и Меѓународен ден на човекови права, ве повикуваме на втор студентски марш против необмислените реформи во високото образование. Студентскиот марш ќе се случи на 10 декември 2014 година, среда, со почеток во 12 часот. За збирно место е избрано платото на УКИМ“, се вели во соопштението на „Студентски пленум“. „Маршот е неопходност во времиња кога институциите не...

Нов студентски марш следната недела

Следната недела ќе се одржи втор протестен марш против воедувањето државен испит на факултетите, информираат од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. „Драги пленумци, денеска беше одржан петтиот студентски пленум, на кој беше изгласано следната недела да се одржи втор студентски марш. Зошто марш? Затоа што институциите остануваат глуви освен кога сме на улица, заради потребата од навремена реакција за новите реформи...

В понеделник, петта студентска средба на платото пред УКИМ

„Студентски пленум“ за утре (понеделник) ја најави петтата студентска средба, прва по протестниот марш. „Понесете си топла зимска облека и топли пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот“, стои во повикот.

Штипските студенти маршираат против екстерното

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите извикуваа „Излези УГД!“, со повик кон колегите да им се придружат. Потоа, следени од неколку...

Лутовски: Проблемите на студентите се многу, но екстерното ја прелеа чашата

„Екстерното тестирање, за жал, не е единствениот проблем на студентите и ние немаме некоја култура на протестирање. Но, ете, екстерното тестирање беше некоја точка на вриење за некоја плодна студентска мобилизација“, вели Дејан Лутовски од студентската неформална организација „Студентски пленум“ во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Според Лутовски, воопшто не значи дека доколку се заврши целиот проблем со екстерното...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...