fbpx

Светските лидери ќе учествуваат на Маршот на солидарноста во Париз

-

Повеќе од 40 шефови на држави, влади и нивни високи претставници денеска ќе му се придружат на францускиот претседател Франсоа Оланд на маршот во Париз, кој се организира во чест на 17 жртви на терористичките напади што почнаа со масакрот во сатиричниот весник „Шарли ебдо“.

На поканата на францускиот претседател Франсоа Оланд за учество во големиот антитерористички протестен марш, одговорија највисоките претставници на Европската Унија и лидерите на европските земји. На маршот на солидарноста ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Шпанија, Велика Британија, Турција и на Италија, Маријано Рахој, Дејвид Камерон, Ахмет Давутоглу и Матео Рензи, како и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој ќе ја предводи делегацијата на Русија. Поддршка за Франција ќе изразат и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и палестинскиот претседател, Махмуд Абас.

Покрај политичките лидери од цела Европа, на поканата на францускиот претседател одговорија и претседателите на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на Европскиот совет, Доналд Туск, и на Европскиот парламент, Мартин Шулц, како и високата претставничка за надворешна и за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Францускиот премиер Мануел Валас вчера изјави дека нема сомнеж оти милиони граѓани ќе излезат на улиците за да ја изразат својата љубов кон слободата и кон братството.

Повеќе од 5.500 полицајци и војници се ангажирани за безбедноста на маршот на солидарноста во Париз, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев.

Трасата по која ќе се одвива Маршот на солидарноста
Трасата по која ќе се одвива маршот

Околу 2.200 припадници на силите за безбедност ќе бидат распоредени долж трасата на маршот, кој ќе почне од историскиот Плоштад на Републиката, а ќе заврши на Плоштадот на нацијата во центарот на главниот град на Франција.

Дополнително ќе бидат распоредени 2.000 полицајци и 1.350 војници низ градот на светлината, особено пред медиумите, верските објекти, јавните згради и пред дипломатски мисии, соопшти Казнев.

– Снајперистите од елитите единици ќе бидат стационирани на покривите на згради долж трасата на маршот. Шахтите и сливниците претходно ќе бидат проверени – додаде министерот.

Казнев соопшти дека посебно ќе бидат следени јавниот превоз и метрото во Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...