fbpx

Новинари на „Шарли ебдо“ со критики кон присутните на денешниот марш

-

Во неколку интервјуа за медиуми дадени деновиве, тројца истакнати карикатуристи на „Шарли ебдо“, кои го преживеаја терористичкиот напад врз неделникот во кој погинаа 12 лица, се дистанцираат од денешниот Марш на солидарноста во Париз.

На овој марш за слобода на изразување учествуваат голем број контроверзни политичари кои во своите земји се познати по репресија врз новинарите и врз слободните медиуми, како турскиот и унгарскиот премиер, Давутоглу и Орбан, рускиот министер за надворешни работи, Лавров, или израелскиот премиер во заминување, Нетанјаху.

Во интервју за холандскиот „Волкскрант“, карикатуристот Вилем иронично ја коментира целата ситуација.

– Имаме многу нови пријатели, како папата и Путин, многу ми е смешно! Сите поддршки што стигаат од светот никогаш не го ни виделе „Шарли ебдо!“- вели Вилем.

Тој, сепак, го поздравува фактот што луѓето се мобилизираат во името на слободата на изразување.

Луз, еден од најпознатите француски карикатуристи, во интервју со францускиот неделник „Инрокс“, исто така упати критики.

– Врз нас се става еден симболички товар кој го нема во нашите цртежи. „Шарли“ се бори против симболизмот. Ние не користиме гулаби на мирот и други метафори. Всушност, овој симболички товар е сè против што „Шарли ебдо“ секогаш се борел. Овој унанимизам му е корисен на Франсоа Оланд за да ја обедини нацијата, на Марин Лепен за да бара враќање на смртната казна. Со симболизмот во широка смисла можете да правите што сакате. И Путин ќе се согласи со гулабот на мирот- вели Луз.

Весникот ќе продолжи да се издава благодарение на бројните донации од светот како „Гардијан“ или „Либерасион“. Но, ќе мора да продолжи без своите емблематски фигури, четворицата карикатуристи кои го изгубија животот во нападот на 7 јануари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...