fbpx

Адеми: Сè уште нема конкретен предлог за државен испит

-

Министерот за образование Абдилаќим Адеми, по денешната посета на тетовското основно училиште „Миѓени“, уште еднаш го повтори истиот став дека сè уште нема конкретен предлог за државниот испит, пренесе „Радио Слободна Европа“.

– И претходно кажавме, кога ќе излеземе со конкретен предлог, ќе ги повикаме сите да се вклучат во дебата и во тој период да дадат нивни размислувања, сè со цел да најдеме заедничко решение и решение кое во иднина ќе биде имплементирано токму од засегнатите страни – изјави Адеми.

Според Адеми, предлогот до ректорот го доставил по негово барање, но бидејќи не бил усвоен, не можел да го сподели со јавноста. Од истата причина Адеми досега не ги примил студентите на разговор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...